ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нов модел на проценка на децата со атипичен развој

September 30, 2019 13:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади започна да се применува нов модел на проценка на децата со попреченост-МКФ, кој овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината кои му создаваат бариери, да го постигне својот целосен потенцијал.

„Овој Центар за првпат во државава е воспоставен во старите простории на Домот „11 Октомври“. За првпат почнува функционална проценка на децата со атипичен развој или со одредени попречености, во насока на тоа што може да направат и како општеството треба да ги поддржи и што секоја инситуција треба да направи за тие да го постигнат максимумот од своите можности. Со тоа даваме можност за вистинска инклузија или вклучување на овие деца и лица во нашето општество, изјави при денешната посета на Центарот министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Министерството за образование и наука, како што посочи Царовска, направи многу за ревизија на оние деца што беа во специјални училишта, сега веќе да одат во редовни преку овој тип на проценка.

Според министерот за образование и наука Арбер Адеми, инклузијата на децата со посебни образовни потреби е приоритет на Владата и на сите инситуции.

– Затоа преземавме храбри чекори, како што е донесувањето на новиот закон за основно образование и каде предвидовме конкретни чекори особено во делот на тоа дека од учебната 2022-2023 година сите деца ќе бидат запишани во редовни училишта, рече Адеми.

Заменик – министерот за здравство Асим Муса посочи дека од почетокот интензивно се ангажираат за исполнување на својот дел со ангажирање на кадри и стручни лица во тимот, овие деца најнормално да се вклопат со останатите деца во општеството.

Британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галовеј, пак, вели дека цврстиот социјален сектор е витална работа за сите наши земји, како ги образуваме и како ги воспитуваме нашите деца да се вклопат во општеството, додавајќи дека Центарот ги поддржува и децата и нивните семејства.

– Сега е од пресудна важност сите чинители да сработуваат и да посветата напори кон јакнење на капацитетите и можностите за реализација на ваквите реформи во целата земја, рече Галовеј.

Според преставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс овој модел на работа е значаен поради тоа што родителите се вклучуваат во разговор со психолог, социјален работник, специјален едукатор, педијатар, и родителот е дел од рамноправно партнерство со овие стручни лица.

– Средината во која сето ова се одвива е пријатна и поволна за детето. Дискусијата се води околу тоа не што детето не може да прави, туку што умее и што може да прави. Како ќе го живее својот живот во кој може да напредува, да го реализира својот потенцијал, со достоинство и исполнувајќи го целиот свој животен циклус. Нешто што сите ние посакуваме за нашите деца, додаде Перкс.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп: Ако Путин ги одолговлекува мировните преговори ќе одговориме малку поинаку

May 28, 2025

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

May 28, 2025
Ерол Ризаов

Македонија најбогата на Балканот

May 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бочварски: Со новиот долг од 6 милијарди евра ќе стигнеме до критична точка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Рената Дескоска примена во Европската академија на науките и уметностите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk