ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Референдум, една година потоа

На Референдумот за поддршка на Преспанскиот договор, се судрија две жестоко спротивставени страни. На едната страна беше камата и кубурот, а од другата страна насмевката. Од едната страна беа „куририте“ и „спутник“, а од другата беше слободната мисла. Но, победи македонската иднина.

September 30, 2019 16:21
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Утро, 30 септември 2018 година… Ходник во едно училиште во скопска населба. Пред вратите на училниците стојат млади луѓе со ознаки од ДИК – „домашен набљудувач“. Се приближува еден човек во одминати години и прашува каде се гласа. Една девојка со беџ, акредитација од ДИК, се свртува и му свикува: „Оди прашај си го Заев!“ Човекот, збунет, продолжува. „Што не цркнеш, мамето…“ – му дофрлува девојката со акредитација за мониторинг на Референдумот. (од објавен извештај на набљудувач на ЦИВИЛ)

Да се свртиме за миг наназад и да погледнеме каде бевме пред Референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор и каде сме сега. Кои се фактите поврзани со самото изјаснување? Триесетина политички партии и огромен број граѓански организации и иницијативи водеа кампања ЗА. Од другата страна беше иницијативата Бојкотирам што беше тајно поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и од Москва, а индиректно и од грчките националисти. Тие не беа официјална страна, никогаш не се регистрираа никаде, така што до денешен ден не знаеме со колку пари влетаа во операцијата да се осуети Референдумот. За среќа, тоа им беа за џабе потрошени пари.

 

Еден од многубројните летоци на бојкотирачите

Читајќи ги само статистиките, може да се види колку овој историски ден беше важен. Многумина, па и јас, го споредија со Референдумот за независност на нашата земја. Кои се бројките? На самиот ден на големото изјаснување, 30 септември 2018, на терен истрчаа 12.897 набљудувачи од кои само 429 беа од странство. Како „странци“ се регистрираа и Светски Македонски Конгрес со 176 набљудувачи. Не е ново да се види партиска структура на изборите чија задача најмалку е да го набљудува процесот. Така, за „набљудување“ на Референдумот се појави Здружението за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ со фантастична бројка од 5,574 акредитирани набљудувачи. Се појавија од никаде, без податоци за финансиската конструкција, без информации за самото здружение. Тие и војничињата на Тодор Петров беа, всушност, агитатори. Се најдоа тука и разни леви десничари и фашисти, божем да спроведуваат мониторинг, а целта се знаеше. Дадоа сѐ од себе да ги заплашат гласачите, да ги дезинформираат и да ги изманипулираат. На денот на референдумското изјаснување, го видовме сиот мрак на Режимот на Фамилијата, се појави со сета своја жестина.

 

Но, 609.813 граѓанки и граѓани гласаа ЗА, а само 37.700 гласаа против македонската иднина. Сѐ уште трае апсурдната пропаганда на пропутиновските радикали и солдатеската на Фамилијата (десеткувана во овој период). Исходот беше јасен. Луѓето сакаат да одат напред. Интересот на бојкотирачите беше и сѐ уште остана ист – земјата да се врати назад, да се врати заробената држава и ропската послушност кон диктаторчето што сега ужива со украдените пари во Будимпешта. Тоа и ќе се случеше, па и многу полошо од тоа, ако Референдумот беше неуспешен. Тоа што е сигурно е дека ќе останевме ФИРОМ, изолирана, потценета полудржава, гнездо на криминал и насилство. На овој Референдум, како што напишав една година порано, на едната страна беше камата и кубурот, а од другата страна насмевката. Од оваа дистанца, можеме да додадеме дека од едната страна беа „куририте“ и „спутник“, а од другата беше слободната мисла.

Тијана Дапчевиќ: Излези ЗА, Референдум 2018

Наспроти пропагандата против македонската иднина, чии размери се чудовишни, само една година подоцна, ја гледаме Северна Македонија на место каде што не можеше да се замисли во изминатите речиси три децении. Целиот прогресивен свет ѝ аплаудира на нашата мала земја, која направи храбар и мудар исчекор што ќе служи за пример во историјата. ЕУ ги отвора вратите, а НАТО веќе ги отвори. Перспективите се огромни, се разбира, ако знаеме да ги искористиме шансите.

Пред една година, Запад го победи Исток. Ги победивме националистите Мицотакис и Мицкоски (и нивните дружини) што беа и сѐ уште се на истата страна. Голема и важна битка беше извојувана во која се обезбеди патот кон македонската иднина. Не беше лесно, како што не е ни сега. Но, едно големо бреме тргнавме од нашите плеќи.

Сега се на ред нови големи предизвици. И повторно, сѐ зависи од нас самите. Сѐ зависи дали ќе го победиме мракот, глупоста и насилството во нас самите. И добро е секоја година, на 30 септември да се сеќаваме на овој голем настан. Со Референдумот беше крунисан еден процес што траеше неполни година дена, за да се реши проблем што три децении никој немаше храброст да го реши, а го започнаа Зоран Заев и Алексис Ципрас, двајца скромни, насмеани, модерни и храбри политичари. Пред Референдумот, постоеше граница на омразата, апсурдот и нетрпеливоста, а сега е патека на пријателството.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Сугарески: Се работи на околу 420 км. патишта со вкупна инвестиција од преку 800 милиони евра

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk