ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сугарески: Се работи на околу 420 км. патишта со вкупна инвестиција од преку 800 милиони евра

Реализирани се преку 71% од планираните инвестиции за гасификација, или преку една милијарда и сто милиони денари од планираните инвестиции

September 30, 2019 16:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на денешната прес-конференција, говореше за досегашната реализација на капиталните инвестиции и потенцираше дека има добра динамика на реализација на капиталните проекти кои се во рамките на ресорот Транспорт и врски, и на јавните претпријатија кои се составен дел од овој ресор.

Тој додаде дека исто така има добра динамика на реализација и на капиталните проекти во сите сегменти кои ги покрива државниот буџет и дополнително инвестициите во патната инфраструктура кои се надвор од буџетот, потенцирајќи дека и таму реализацијата е значително голема.

Сугарески потоа ги наведе конкретните бројки и проценти, заклучно со месец септември:

„Во делот на гасификација за 2019 година предвидивме 1 милијарда и 557 милиони денари и до сега реализирани се 71%, или преку една милијарда и сто милиони денари од планираните инвестиции.“

Министерот Сугарески истакна дека оваа година е завршен гасоводот Штип-Неготино, а во тек е изградба на гасоводот Неготино-Прилеп-Битола и гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар, на кој се работи непречено. Овие две магистрали, како што потенцираше министерот, се очекува да бидат завршени следната година. а до крај на оваа година, се очекува целосна реализација на предвидените средства.

„Во делот на станбената изградба, или изградбата на „социјалните станови“, бележиме 100% реализација. Отпочнавме со изградба на вкупно 110 социјални станови во Пробиштип и Неготино. Во соработка со АД за станбен и деловен простор оваа година ќе започнеме да градиме станови во Бутел, во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес, Скопје“ додаде Сугарески.

„Во делот на комуналната сфера, во моментов, активно се работи на 27 проекти во изградба и реконструкција во водоводи и канализации, во вредност од околу 10 милиони евра. Овие пари се обезбедени преку кредитната линија на ЕИБ. Исто така преку оваа кредитна линија во фаза на тендерирање имаме уште 7 проекти кои ќе почнат да се работат оваа година“ истакна Сугарески.

За доизградба на канализациони и водоводни линии во Кавадарци и Радовиш, министерот Горан Сугарески, потенцира дека активно се работи во соработка со КФВ Банката, инвестиција вредна повеќе од 1.5 милиони евра.

Тој понатаму додаде дека преку буџетот на Министерството за транспорт и врски, е отпочната изградба на водовод во ИЗ Визбегово едно од најголемите барања на инвеститорите во зоната, во вредност од 1.8 милиони евра и дека во подготовка е тендерската постапка и проектот за изградба на канализација исто така во ИЗ Визбегово, проект вреден преку 7 милиони евра.

За инвестициите во патната инфраструктура, Министерот Сугарески вели дека се значително големи, иако тие не влегуваат во државниот буџет и дека во сегментот патишта, реализирани се 59 % од планираните, или преку 120 милиони евра.

„ЈП за државни патишта активно работи на двесетина патишта. Овој месец, односно октомври ќе отпочнат да се рехабилитираат уште десетина регионални патни правци, а до крајот на годината уште десетина ќе започнат со реконструкција и рехабилитација.

Генерално во моментот се работи на околу 420 километри патишта низ државата, или вкупна инвестиција од преку 800 милиони евра.“ изјави Сугарески за реализацијата во делот од патната инфраструктура.

Во делот на железницата, Министерот истакна дека во првиот квартал изградбата на делницата од Куманово до Бељаковце се одвива со послаба реализација. Но, таквата состојба, вели тој, се смени со потпишување на анекс на договорот и во моментов имаме засилена динамика. Вкупните градежни работи на оваа делница се околу 55%.

„Целосно се завршени градежните работи и на пругата од Битола до Кременица, а во меѓувреме остана да се инсталира оптичкиот кабел. Активно се преговара со грчкото министерство за изградба и на „one stop“ или една заедничка железничка станица каде ќе има само едно застанување на сите возови.

Тоа е генерално крупната слика во реализација на капиталните инвестиции, пак ќе потенцирам – што ја работи ресорот Транспорт заедно со јавните претпријатија.“ заврши Горан Сугаревски, Министер за транспорт и врски.

Ј.Ѓ.

Next Post

Силно невреме во Централна Европа, загина 14-годишно девојче во Словачка

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk