ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ципрас: Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер за ЕУ и тредба да почне преговори

Овој сложен договор, додава тој, со сите термини, членови, одредби, и овозможува да се одиме напред во билатерални односи и да се преземат многу конкретни чекори за соработка

October 1, 2019 11:21
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас смета дека Договорот од Преспа е победа на дипломатијата над национализмот, можност за поблиска соработка меѓи двете земји, придонес за мирот и стабилноста во регионот, нешто за што се залага и Европската унија. Со ова, порача тој, Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер на Европската унија и таа треба да одреди датум за почеток на пристапните преговори на следниот состанок на Европскиот совет.

– Овој договор ја покажува вредноста за која се бори ЕУ. Дел од него е и членството во Европската унија. Со овој договор се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион. Северна Македонија е држава која го промовира процесот на проширувањето во рамките на европското законодавство. Тој покажува дека државата е кредибилен партнер за ЕУ и таа треба да одобри датум за преговори на следниот состанок на Европскиот совет, порача Ципрас во обраќањето на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.

Ципрас вели дека кога договорот го потпишале министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас сите почувствувале дека ја градат историјата. Овој сложен договор, додава тој, со сите термини, членови, одредби, и овозможува да се одиме напред во билатерални односи и да се преземат многу конкретни чекори за соработка.

-Сите занаеме дека најважниот чекор веќе е преземен бидејќи нашите држави повеќе не се противници. Нашите народи ќе започнат многу брзо да ја видат целата придобивка на овој договор. Јас верувам дека целта отсега натаму ќе биде изградба на заедничка доверба, рече Ципрас.

Тој вели дека договорот овозможува соработка во повеќе сфери, економијата, туризмот, па и во одбраната, што, како што посочува ја покажува довербата меѓу двете држави и народа.

-Овој договор е позитивен сигнал и значи позитивна промена и за Регионот и за Европа и тоа од различни причини, бидејќи ја симболизира победата на дипломатијата и на соработката врз национализмот и интровертноста. Овој договор значи дух на една заедничка балканска соработка, која нема да се темели врз моќта на една или врз поразот на друга држава, рече Алексис Ципрас во обраќањето на Самитот на „Економист“.

Извор: МИА

Next Post

Заев: Ова е дефинитивно нов Балкан!

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk