ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Гоце не се жртвува ЕУ!

Ниту една точка околу која македонската страна држи некаков фронт во споменатата комисија, која им даде повод на бугарските лидери да апелираат да се концентрираме кон иднината, не смее да биде причина која ќе го доведе во прашање членството на Северна Македонија во Европската унија. Ниту една. Дури и точките, во кои сме, можеби, повеќе во право од Бугарите.

October 1, 2019 15:52
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Слушам дека нашиве биле многу цврсти и тврди во средбите со Бугарите.

Во комисијата за историја или како веќе се вика тоа глупаво тело.

Нема полоша вест од ова.

Ако е така тогаш се тие надвор од сите разумни мандати.

Ако воопшто може да им се додели некаква разумна задача, тогаш таа треба да биде не да ја бранат македонската кауза од “бугарската агресија”, туку да ја чуваат од самата себе.

Од многу аспекти на сопствената историска и историографска втемеленост, од историографијата чија функција во формирањето на македонската нација не само што е исцрпена, туку полека влегува во зоната на смртно опасна дисциплина за националните перспективи.

Дури и за националниот опстој.

Тие и нивниот свет се дел од причините за заринканоста во која се најде македонскиот брод.

Големо прашање е дали воопшто можат да учествуваат во форензиката на тоа заринкување зашто анализата неминовно ќе допре и до нивната одговорност.

Историчарите и нивната школа треба да се променат.

Нивната филозофија и идејна основа.

Како што во нова димензија мора да влезе целата нација.

Дистанцирана од вишокот македонизам.

Ослободена од себе.

Со нови ретровизори и нови фарови.

Со помош на нова интерпретација на фактите, со нови факти, со модерен пристап кон сопствениот имагинариум, со новото место на историографијата и на историчарите, а не со нивната класична одбрана и на себе и на каузата, особено не преку елементите што во меѓувреме ги осознавме како неодбранливи конструкти.

Бугарите треба да пројават поголем сенс за македонското чудоредие како факт, а не само за фактите во тоа чудоредие. И Македонците треба да го сторат истото. Тоа е единственото ниво на кое можат да се сретнат и благопријатно да се оплодат интересите на двете држави и двата народа и во историската и во актуелната и перспективна димензија.

Со други зборови, во однос на голем број факти од историјата, македонската страна мора да оди во пресрет на бугарската, затоа што тоа е елементарен ред на вистините, додека бугарската страна мора да има поголем респект за фактот на македонското саморазбирање.

Од достапните информации, кои не се само актуелни, јас знам дека Бугарите се спремни за ваков договор.

Гоце Делчев бил Бугарин во чие дело Македонците наоѓаат важни аспекти на својата историска легитимација.

Кој е против една ваква крајно разумна формулација!?

ВМРО, во сите деноминации, е бугарска организација за ослободување на Македонија како бугарска земја.

Покасно влезена како голема несреќа во македонскиот имагинариум.

Кој е против една ваква крајно разумна формулација!?

Мисијата на вмро е родена во услови во кои било опасно Бугарија да се јави како директен фактор на борбата за ослободување на Македонија поради можната реакција на големите сили, слична на она по која се случила ревизијата на Санстефанскиот договор. Затоа организацијата е внатрешна. Десницата била за понепосредно ангажирање на Софија, а левицата била за ослободување на Македонија со внатрешни сили. Но, никој немал абер од независноста на Македонија со некаква македонска нација како основна вертикала. Обратно, ослободувањето на Македонија како национална реализација на македонскиот народ во Втората светска војна и антифашистичката револуција, се сметаат за врна изневера на основните принципи на вмро. Непријатно е кога се глупираме во одбраната од “бугарската агресија” во однос на некои интерпретации денес, кога истовремено тврдиме дека нашата борба и нација се родени под џамот на бугарскиот цар во Софија.

Растурањето на државата и нацијата за време на режимот на Груевски, беше нормална последица на политичката концептуализација на митот за вмро.

Тие и денеска така дејствуваат.

И затоа е оправдано прашањето: дали ќе ја прифатиме вистината за вмро која е поместена во ставовите на бугарската страна или ќе продолжиме да живееме со тој мит кој во новите околности, во стварноста, е смртоносен за Македонија.

Европа ја даваме- Гоце не го даваме, е неодговорна, всушност, глупава позиција.
Ако ја дадеме Европа, Гоцета нема да го задржиме сигурно, а прашање е дали ќе се задржиме и себе.

Единствениот спас е во новото ниво на саморазбирањето во кое на овие возбудливи епизодички од таканаречената историја, ќе гледаме како на лош филм со Џеки Чен или Чак Норис.

А Бугарите – како сакаат.

Еве уште еден статус чија актуелност ќе остане трајна.

Ниту една точка околу која македонската страна држи некаков фронт во споменатата комисија, која им даде повод на бугарските лидери да апелираат да се концентрираме кон иднината, не смее да биде причина која ќе го доведе во прашање членството на Северна Македонија во Европската унија. Ниту една. Дури и точките, во кои сме, можеби, повеќе во право од Бугарите.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Димитри Дурацоски и Петар Мирчевски - добитници на државната награда „11 Октомври“

Discussion about this post

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk