ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025 16:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако изборниот модел и контролата на големите партии ја задржуваат етничко-партиската поделба, аналитичарите Марјан Забрчанец и Бојан Кордалов сметаат дека граѓаните знаат да ја казнат власта и да изберат промена кога револтот е силен.

Според специјалистот за комуникации Марјан Забрчанец, изборниот модел и концентрацијата на моќ кај големите партии се главните причини поради кои во Македонија сè уште доминира гласањето по етничка и партиска линија.

„Во Македонија доминира гласањето по етничка и партиска линија пред сѐ поради тоа што изборниот модел е така поставен и поради тоа што моќта и контролата врз изборните процеси е пред сѐ кај големите политички партии, особено кај најголемата партија од власта,“ вели Забрчанец во изјава за Фронтлајн.

Тој објаснува дека токму политичките партии немаат интерес да го менуваат овој систем, бидејќи на тој начин ја задржуваат својата база и влијание.
„На партиите не им одговара граѓаните да гласаат по други основи, надвор од партиско-етничката рамка, бидејќи ако не е така тие нема да успеваат да ја задржат контролата дури и врз сопственото гласачко тело,“ додава тој.

Сепак, Забрчанец нагласува дека имало изборни циклуси кога граѓаните успеале да се ослободат од овие ограничувања.

„Сепак, граѓаните во Македонија во различни изборни циклуси покажаа дека знаат да ги надминат ваквите стеги на контролата и да излезат од чинелот на етничките и партиските кампуси. Тоа најчесто се случува кога трендот на револт и незадоволство кон владејачките партии е растечки,“ објаснува тој.

Како пример го наведува изборниот процес од 2016 година, „кога во услови на сѐ уште неослободена држава од стегите на тогашниот режим, опозицијата успеа да мобилизира висок обем гласови кои ги надминауваа и етничките и партиските концепти – тоа беа гласови базирани на револт и на конкретни очекувања и барања, а не гласови по етничка или партиска основа.“

Во однос на актуелните локални избори, Забрчанец укажува дека во вториот круг во Скопје може да се повтори сличен феномен:

„Треба внимателно да се следи и анализира и ситуацијата со вториот круг од тековните локални избори за градоначалник на Град Скопје – падот на довербата кај власта создава услови кандидатот Амар Мециновиќ да мобилизира голем базен гласови кои не припаѓаат на неговата матична партија Левица, ниту пак се мобилизирани по етничка линија.“

Забрчанец додава дека етничкото потекло на кандидатот не мора да биде пресуден фактор:

„…што значи дека во услови на потрага по начин да се казнат политиките на оние кои Градот го доведоа во оваа состојба, може да дојдеме до ситуација тој да привлече гласови од граѓани од различните етнички заедници во Македонија, односно опозициски гласови кои сакаат да ја казнат ВМРО-ДПМНЕ поради изневерувањата на очекувањата со Арсовска.“

Бавно менување на партиите и исчезнување на идеологијата

Сличен став дели и комуникологот и експерт за односи со јавност Бојан Кордалов, кој за Фронтлајн вели дека етничко-партиското гласање е резултат на бавното менување на политичките партии и на недостигот од идеолошка јасност.

„Лично сметам дека секој човек лично избира на кој начин, дали и за кого ќе гласа на секои избори. Од друга страна, за жал, бавно оди преструктуирањето на политичките партии во земјата од т.н. чист етнички застапници во граѓански партии каде луѓето ќе се обединуваат зад одредена визија, идеја, идеологија и концепт надвор од етничките граници,“ изјави Кордалов.

Тој додава дека поради ова „се повеќе се губи идеологијата на партиите“, а етничкиот предзнак останува доминантен.

„Всушност, бавното менување на партиите е и причината зошто се повеќе се губи идеологијата на партиите, а многу често знае да доминира нивниот етничкиот предзнак како пресуден. Исто така, сеуште, но особено порано играа одредени политички структури кои ги злоупотребуваа етничките прашања за задржување или освојување на власта, односно за лично богатење и корупција,“ потенцира тој.

Европскиот пат и изборот меѓу иднината и поделбите

Во контекст на европската иднина на земјата, Кордалов истакнува дека Македонија мора јасно да се определи по кој пат ќе оди:

„Оттука, како политички елити и како држава имаме можност еднаш засекогаш да избереме кој пат брзо ќе го фатиме. Дали ќе бидеме под покривот на ЕУ и НАТО каде различностите се перципираат како придобивка и каде за да гласате не ви е пресудна етимологијата, односно потеклото на името на кандидатите туку дали имаат минат труд, искуство, дали се чесни и дали можат да направат подобро да се живее во државата.“

Тој предупредува дека во спротивно, земјата ризикува да остане заглавена во циклус на поделби и недоверба:

„И од друга страна, може да продолжиме по патот на делбите кој како што гледате веќе исели половина милион луѓе од Македонија и тоа од сите етникуми, без исклучок, потоа ваквиот пристап уништи доверба во институции, јавно здравство, судство и генерираше таква корупција што во континуитет зема и човечки животи и очигледно е многу тешко после 35 години да се заузда.“

Во пресрет на вториот круг на локалните избори во 2025 година, прашањето останува исто: дали Македонија конечно ќе направи пресврт и ќе избере политичка визија наместо етничка припадност?
Иако системот и натаму ја фаворизира етничко-партиската матрица, аналитичарите сметаат дека растечкиот револт и желбата за промена може да создадат нова политичка динамика — во која граѓаните ќе гласаат за идеи, а не за етнички симболи.

Дестан Јонузи

Tags: Бојан Кордаловизборен моделлоклани избори 2025Марјан Забрчанец
Next Post
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис - 29 октомври

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk