ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРОМО & БИЗНИС

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026 18:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРОМО & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Мазутот бил со соодветен квалитет, потврдува вештачењето нарачано од ОЈО ГОКК за предметот „Мазут“ кој моментално е на одлучување во Вишото јавно обвинителство откако обвинителката Коларевиќ ја запре истрагата поради недостаток на докази.

Во јавноста беа отворени повеќе прашања во врска со квалитетот на мазутот, но вештачењето нарачано од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдува дека мазутот е со соодветни карактеристики и квалитет.

„Со оглед на параметрите, можам да заклучам дека квалитетот на мазутот е согласно Правилникот за квалитет на течни горива во РСМ, МК Стандардот МКС 1003:2022 и согласно член 9 од Договорот помеѓу ДПТУ РКМ ДОО Скопје и АС ЕСМ.“ – стои во вештачењето.

На прашањето дали РКМ и Капушевски можеле да знаат доколку мазутот бил со несоодветен квалитет, вештакот одговара:

„ДПТУ РКМ ДОО Скопје во критичниот период е компанија која располага со лиценца за трговија на нафтени деривати мазут М1 која при снабдувањето со мазут на ТЕЦ Неготино приближно 98% од вкупната количина ја набавува од домашен пазар каде увозник на мазутот е АД ОКТА Македонија, а останатите количини каде увозник во РСМ е ДПТУ РКМ ДОО Скопје, контролата ја спроведува Царинската управа на РСМ или Државниот Пазарен Инспекторат при увоз на нафтениот дериват во РСМ.

Согласно Договорот помеѓу ДПТУ РКМ ДОО Скопје и АД ЕСМ, во член 9 е дефинирано дека ДПТУ РКМ ДОО Скопје ги врши набавките согласно сертификат за квалитет кој кореспондира со квалитетот опишан во истиот член. Во истиот Договор во член 10 е дефинирано дека доколку испорачаниот мазут не ги задоволува техничките карактеристики согласно член 9 истиот ќе биде вратен на товар на Продавачот, односно ДПТУ РКМ ДОО Скопје, и Продавачот е должен да го замени со мазут со карактеристики согласно член 9 во рок од 48 часа.

Согласно фактичката состојба во нафтениот бизнис, децениски главен трговец со мазут во РСМ е АД ОКТА од каде е купен приближно 98% од мазутот испорачан во ТЕЦ Неготино, а од 2017 година заклучно со 2025 година доминантен добавувач на мазут во РСМ е ДПТУ Лотус Оил од Бугарија, а најголема процентуална застапеност на пазарот со мазут во РСМ има во 2025 година.“

Во мислењето на крајот од вештачењето, вештото лице потврдува дека мазутот е со бараниот квалитет и карактеристики.

„Испорачаниот мазут од ДПТУ РКМ ДОО Скопје до АД ЕСМ, купен од Инса Оил од Бугарија, Мотор Оил од Грција, Ли Оил од Северна Македонија, Тритерол од Северна Македонија, Пуцко Петрол од Северна Македонија, Санс АГ од Северна Македонија, Хифа Оил од Босна и Херцеговина и Лотус Оил од Бугарија, е со бараниот квалитет и карактеристики определени во член 9 од Договор за набавка на стоки по јавен олас број 01-75/2021 заведен под број 0307-77/1 од 06.12.2021, Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-03/2022 заведен под број 0307-25/1 од 18.02.2022 година и Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-77/2022 заведен под број 0307-335/1 од 10.11.2022 година.

Испорачаниот мазут од ДПТУ РКМ ДОО Скопје до АД ЕСМ, купен од ОКТА Р. Северна Македонија е со бараниот квалитет и карактеристики определени во член 9 од Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-75/2021 заведен под број 0307-77/1 од 06.12.2021, Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-03/2022 заведен под број 0307-25/1 од 18.02.2022 година и Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-77/2022 заведен под број 0307-335/1 од 10.11.2022 година.“ – стои во мислењето на вештото лице.

Во поглед на динамиката, доказите утврдуваат дека испораките на мазутот се движеле согласно договорот и барањата на ЕСМ. Мазутот е носен во количини колку што било побарано од ЕСМ, а просекот на количина за ден е согласно договорот меѓу РКМ И АД ЕСМ.

Претставник на ЕСМ во својот исказ пред ОЈО ГОКК вели „им симнувам капа на РКМ, немаше никаков проблем со доставата“.

Останува прашањето на што се жали ЕСМ ако мазутот е со соодветен квалитет, а претходно им симнувале капа на РКМ?

 


ПР содржина

Next Post

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

Shortcut

Најново

Анализа на ЦИВИЛ: Што навистина откри OpenAI и што предизвикува сензационализмот?

September 18, 2026
Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk