fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Регионот е сменет, должни сме да создаваме услови за развој

Преку еминетниот „Економист“ сакаме низ светот да одекне добрата вест дека овој регион е сменет и дека регионот нема повеќе да биде заглавен, потенцираше Заев

October 1, 2019 10:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека добрата вест за почнување преговори со Европската унија ќе влијае позитивно на целиот регион и на Европската унија и оти ќе биде препознаен напредокот на реформите во решавање на проблемите. Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.

Како што потенцираше премиерот, регионот станува пример дека со заедништво и со инвентивни решенија може да се надминуваат проблемите. – И мала држава како Република Сверна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж и да биде добра вест, потенцира Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот.

„Тој е корисен пример за многу други отворени прашања. Секој проблем  е различен  и специфилен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како лидери на своите земји им должиме на  граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создаваме услови за развој и подобар живот на сите, рече Заев.

Денеска, како што истакна тој, од овде преку еминетниот „Економист“ сакаме низ светот да одекне добрата вест дека овој регион е сменет и дека регионот нема повеќе да биде заглавен во конфликти и во безидејна иднина.

„Ерата на манипулативните националистички реторики е минато. Сите заедно грабиме кон посветла иднина. Берлинскиот прцес ја постигна целта да го зголеми интересот на Западен Балкан и да не стави на мапата на соработка на земјите членки на ЕУ. Спроведувањето на агендата за конективност на Берлинскиот процес и  повеќегодишниот Акциски план за регионална економска зона има важна цел да го забрза развојот на регионот и да го  подобри квалитетот на животот на нашите граѓани. Регионот зборува активно за дигиталзиација, заедничкиот настап на европскиот и глобалните пазари, царинските олеснувања, заедничките гранички премини, фондови за иновации…“, рече Заев.

Самитот продолжи со обраќање на помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, а меѓу гостите се и поранешните премиери на Грција и на Белгија, Алексис Ципрас и Ги Верхофштат и поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Учесниците на Самитот дебатираат за тоа што може да се направи за да се обезбеди побрз раст и да се зголемат  инвестиците во регионот.
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на „Економист“ најпознатиот неделен економски магазин, кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.
Извор: МИА

НАЈНОВО

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара најстрога казна за убиецот од Кочани

September 27, 2023
Christopher Weyant

ВИ

September 27, 2023

Ковачевски: Кандидатот на проевропскиот блок ќе стане претседател и проевропската коалиција ќе прави влада идната година

September 27, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Николоски го загубил УСБ-то, паразитот од Градски стадион главен осомничен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Груевски како полуден генерал, ги расцепи Мицкоски и Николоски како детелинка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија следната година ќе ја намали помошта за бегалците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајден предупредува дека милиони ќе гладуваат ако владата се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk