fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ: На насилството да одговориме со активно учество во промовирање на мирот, слободата и толеранцијата

Според резолуцијата на ОН A/RES/61/271, Меѓународниот ден на ненасилството е можност „да се прошири пораката за ненасилство, вклучително преку едукација и јакнење на јавната свест“.

October 2, 2019 11:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Биди промената што сакаш да ја видиш во светот, ненасилството е „посилно од најмоќните оружја за уништување осмислени од генијалноста на човекот“, гради култура на мирот, толеранцијата, разбирањето и ненасилството, се дел од пораките што секоја година ги упатуваме по повод Меѓународниот ден на ненасилството, 2 октомври, воедно и роденденот на Махатма Ганди.

Овој ден е воспоставен во 2007 година, според резолуцијата на Обединетите нации A/RES/61/271. Според резолуцијата, Меѓународниот ден на ненасилството е можност „да се прошири пораката за ненасилство, вклучително преку едукација и јакнење на јавната свест“.

Република Северна Македонија, како земја-членка на ОН е обврзана целосно да ја почитува оваа резолуција, промовирајќи го принципот на ненасилство. Сепак, во екот на значајни политички привирања и општествени промени, тензични политики и разгорување на гневот по различни основи, граѓанките и граѓаните во Северна Македонија, како секогаш да се на работ од приминување на границата од ненасилни и мирни решенија, кон конфликтно и насилно продлабочување на проблемите.

ЦИВИЛ од своето основање во 1999 година ги следи принципите на ненасилство и заложба за човекови права и слободи. Како организација што се залага за свет во кој сите луѓе живеат во мирно и демократско општество, се бори за надминување на култот кон оружјето, го промовира начелото на потполна слобода на изразување и медиуми слободни и независни од влијанието на центрите на моќта, независни институции целосно посветени на интересите на граѓанките и граѓаните, на Меѓународниот ден на ненасилство им порачува на граѓанките и граѓаните, како индивидуалци, но и како општество, наспроти сите предизвици да одговориме со активно учество во одржување на мирот, промовирање на слободата и приклонување кон процесите на помирување.

Денот на ненасилството треба да биде потсетник дека јакнењето на свеста и едукацијата за ненасилни политики, толеранција, почитување и разбирање е еден од факторите што треба да придонесат кон достоинствен живот за сите.

Извор: ЦИВИЛ

НАЈНОВО

Руска провокација на границата со Естонија, во НАТО базата во Тапа подготвени да го одвратат агресорот од исток

December 6, 2023

Јапонскиот премиер го предупреди Нетанјаху: Намалете го бројот на цивилни жртви

December 6, 2023
Фото: ЕПА

Кери: Треба да го направиме она што ни го кажува науката за да го спречиме глобалното затоплување

December 6, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Основното јавно обвинителство. Фото: МИА

    Уште еден уапсен за убиството на Вања, го возел Палчо од Бугарија кон границата со Tурција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курти за убиствата на Вања Ѓорчевска и Лиридона Адемај: Не е доволно апсењето на сторителите, треба заслужени казни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се плашам дека со ВМРО и Левица на власт, цела држава ќе ни стане Палчо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маричиќ: Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира прогресивната агенда за проширување на ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk