ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Засилена динамика на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Тој потсети на причините поради кои дојде до застој на градежните активности на автопатот, како поради лошите проекти, но и истекувањето на договорот во јануари 2019 година што оневозможи користење на резервните средства, некаде околу 200 милиони евра.

October 2, 2019 13:26
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува позасилена динамика на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде, како што вели, се прават напори дел од патот на делницата од Охрид до Врбјани да биде отворен наредната година.

– Во делот на патната инфраструктура продолжи изградбата на автопатот Кичево-Охрид, очекуваме тоа да се случува со уште позасилена динамика бидејќи се работи на основниот проект, но и на дополнителните работи кои беа промашени. Тоа се санира така што очекуваме сериозно зголемување на процентот на реализација. Рокот е јуни 2021 година, се прават напори дел од патот да биде отворен наредната година и тоа делницата од Охрид до Врбјани, рече Сугарески.

Тој потсети на причините поради кои дојде до застој на градежните активности на автопатот, како поради лошите проекти, но и истекувањето на договорот во јануари 2019 година што оневозможи користење на резервните средства, некаде околу 200 милиони евра.

– Собранието донесе анекс на договорот за обезбедување дополнителни средства за изградбата. Во меѓувреме преговорите со „Ексим“ банката се одвиваа непречено, се изборивме за тие средства што беа одобрени некаде во јуни годинава. Покрај основниот проект се работеа дополнителни проекти на пропустите што беа направени. Она што се работи се активности на основниот проект. Со изготвувањето на препроектирањата дополнително ќе бидат ангажирани лица, конкретно на свлечиштата. Сакам да информирам дека во моментов се работи, и тоа со засилена динамика, рече тој.

За цената на чинење на автопатот Охрид-Кичево, Сугарески рече дека во моментов е наблагодарно да се предвидува, но оти се прават напори по сите основи да се направат заштеди.

– Цените што ги има склучено претходната влада со првичниот договор се сменети. Предвидени биле 411, па 589 милиони евра со анекс на договорот. Ние не можеме да потврдиме колку ќе чини на крајот, моите очекувањата се дека ќе чини помалку. Ако 226 милиони евра биле предвидени сосе дополнителните средства за автопатот Миладиновци- Штип, неговата изградба на крајот изнесуваше околу 180 милиони. Правиме напори да се направат заштеди по сите основи, рече тој.

Во Охридскиот регион, министерот најави реализација на реконструкцијата на патниот правец од хотелот „Гранит“ до село Пештани на патниот правец Охрид-Свети Наум, како и магистралниот патен правец Подмоље-Струга-Ќафасан, но и рехабилитација на делницата од Пештани до Свети Наум.

– Градежни работи не се само асфалтирања, во нив спаѓаат и подготвителни активности како што во моментов се изведуваат на патот од Струга до граничниот премин Ќафасан. Понатаму ќе бидат реализирани сите активности тој пат да биде направен, рече Сугарески истакнувајќи дека изминатиот период Владата и Министерството инвестира исклучиво во тој сегмент на инфраструктура, не во непродуктивни трошења.

Според него, ресорот транспорт бележи одлично ниво на реализирани капитални инвестиции. Јавното претпријатие за државни патишта кое не е буџетски корисник има реализација околу 60 проценти, гасификацијата е преку 71 процент, има зголемување во делот на железниците, има околу 30-тина проекти врзани за водоводи и канализации само во делот преку Министерството за транспорт, така што очекуваме до крајот на годината сериозно ќе биде зголемена реализацијата, информираше Сугарески, кој учествуваше во работата на 18-тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Политичарите може наскоро да бидат заменети со роботи

Discussion about this post

НАЈНОВО

ВИ

Силен земјотрес во Аргентина со јачина од 5,7 степени

October 22, 2025

Без струја делови од неколку скопски оштини

October 22, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk