1187
Арапскиот војсководец и египетски султан Саладин го презел Ерусалим од христијаните, со што во 1189 година ја предизвикал Третата крстоносна војна.
1608
Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрирал првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употребил кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутон го усовршиле толку многу што тој станал незаменлив инструмент во науката.
1852
Роден е шкотскиот хемичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Тој ги открил хелиумот, аргонот, криптонот, радонот, неонот и ксенонот. Вилијам Ремзи докажал дека хелиумот се создава при радиоактивното распаѓање на радиумот.
1869
Роден е Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се борел за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. На 30 јануари 1948 година во Делхи бил убиен од еден индуистички фанатик. Со својот ненасилен политички и хуманистички ангажман во остварувањето на независноста на Индија станал пример и идол во целиот свет.
1870
Рим станал главен град на обединета Италија.
1904
Роден е англискиот писател Грејм Грин, суптилен аналитичар на психата. Дела: романите „Брајтонска карпа“, „Моќ и слава“, „Крај на љубовта“, „Монсињор Кихот“, „Доктор Фишер од Женева“, „Третиот човек“ и други.
1924
Друштвото на народите го усвоило Женевскиот протокол за мирно решавање на меѓународните спорови.
1944
По 63 денови исполнети со тешки борби било задушено востанието на жителите на Варшава, во Полска. Востаниците херојски се бореле, но не можеле да им се спротивстават на многу помоќните сили на германскиот окупатор, кои сурово се пресметале со востаниците. Во востанието загинале околу 250 илјади жители на Варшава, а самиот град бил речиси разорен.
1958
Француската западноафриканска колонија Гвинеја се стекнала со независност.
1967
Во Скопје, во салата на ДТВ „Партизан III“, двајцата ентузијасти, пропагатори на боречките спортови – Атанас Којчевски, професор по физичко воспитување и Сејдо Теофиловски, студент, со 117 младинци го одржале првиот час по карате во Македонија.
1973
Умрел финскиот тркач Паво Нурми, кој на долги патеки освоил девет златни медалји на Олимписките игри во 1920, 1924 и во 1928 година. Светскиот рекорд го соборувал дури 29 пати.
1990
На аеродромот во кинескиот град Гуангџои загинале 127 луѓе кога киднапиран кинески авион удрил во два авиона кои биле на аеродромската писта.
1992
Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржале протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.
1994
Во Пробиштип била осветена новоизградената црква „Пресвета Богородица“.
1996
Поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов бил усмртен со огнено оружје пред својата куќа во Софија.
1998
Жан Пол Акајес, бивш мајор на армијата на Руанда, обвинет за геноцид и злосторство врз човештвото, во Хаг бил осуден на три доживотни казни.
2000
Во Скопје умрел Александар Ивановски, македонски новинар, еден од основачите на весникот „Вечер“. Роден бил во Скопје, на 21 февруари 1937 година.
2006
Успешно се спуштила на земјата првата вселенска туристка Ануша Ансари, Американка од иранско потекло. И покрај малите проблеми во текот на првиот ден од летот, таа успешно и во целост ги извела сите научни експерименти при престојот во Меѓународната вселенска станица. Родена е во Техеран во 1967 година, а емигрирала во САД во 1984 година. Престојот во вселената ја чинел 20 милини долари.
извор: МИА