ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Индијана Унко Џонс

Слободан Унковски е Индијана Џонс во потрага по светиот грал на значењата, на слободата и на радоста, во “пештерите” на театарот.

October 4, 2019 00:00
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Слободан Унковски е Индијана Џонс во потрага по светиот грал на значењата, на слободата и на радоста, во “пештерите” на театарот. Убаво ја фати таа паралела, Јовица Михајловски на вечерашната перезентација на дебелата книга (2.262 грама) на Зоја Бузалковска “Разговори со Унковски” во преполната сала на Кино Култура во Скопје.

И ми ја украде идејата, зашто јас сакав, не таму, туку на овој ѕид, да кажам дека Унко е Слободан Македонски во откривањето и освојувањето на новите светови со молив и гума, со мисла и реч, со визија и љубов и дека е повреден од сите коњаници во поширокиот центар на Скопје. Тој би можел да биде преамбула на новиот устав на Северна Македонија или, тоа е сега актуелно, стратегиски советник за културна деконтаминација и рехабилитација на човекот во Македонија.

Прекрасен есеј за книгата и за Унковски ни прочита Искра Гешовска, гостите од Белград, Бранко Цвејиќ и Воја Брајовиќ, на велелепен начин, со многу топлина и љубов, премрежени низ безбројните творечки искуства со Унковски, говореа за големиот режисер и човек. Вечерта ја заклучи авторката на книгата- феномен, создавана цели дваесет години, ученичката на Унковски, режисерката, Зоја Бузалковска, со убава реч за тоа исклучително творечко патешествие во кое низ блиска интеракција со Унко и со користење на неговата богата архива, која е издашно вткаена во книгата, е направено оваа феноменално издание.

Од презентацијата и од лефтерното прелистување, лесно го забележав авторскиот ракопис на Филип Унковски и на неговата агенција во графичкото уредување на книгата
Немав со себе 1.500 денари така што не ја купив книгата. Не се почувствував посрамемо во тој момент, но кога од Бузалковска чув дека Министератвото за култура, во 2008 и не знам уште во која година, значи, два пати, го одбило финансирањето на овој проект, ме фати срам. Фино рече Воја Брајовиќ: Лесно му е на Унко да биде најдобар во Европа, ај да го видам кај е во Македонија. Јовица, како да знаеше што ќе каже Воја, па уште пред тоа рече, на шега за Унко и како критика за Македонија, дека чека на Војдан Чернодрински за животно дело.
Честитки за Унковски и за Бузалковска и фала на Гешовска, Брајовиќ, Цвејиќ за прекрасната вечер.

Next Post

Мајк Помпео во Охрид на средби со државниот врв

Discussion about this post

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk