ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СМС пораки на високи американски дипломати откриваат како Администрацијата барала од Зеленски истрага за Бајден

Пораките се на дипломатите како Курт Волкер, специјален претставник на САД за Украина кој неделава поднесе оставка, како и вршителот на должност амбасадор на САД во Украина, Бил Тејлор, и Гордон Сондленд, амбасадорот на САД во ЕУ

October 4, 2019 20:04
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Високи американски дипломати извршувале наредба од Белата куќа, Украина да отвори истрага за политички ривал на американскиот претседател Доналд Трамп, се дознава од содржината на пораките објавени синоќа од конгресни истражители на Претставничкиот дом.

Пораките се на дипломатите како Курт Волкер, специјален претставник на САД за Украина кој неделава поднесе оставка, како и вршителот на должност амбасадор на САД во Украина, Бил Тејлор, и Гордон Сондленд, амбасадорот на САД во ЕУ. Но, и на високи официјални лица од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Овие пораки откриваат крајно загрижувачка ситуација укажана од претставници на Стејт департментот дека задржаната воена помош за Украина, критичка за земјата, се условувала со средба на претседателот Трамп и Зеленски. Со оваа помош се вршел притисок врз Украина да започне политички мотивирана истрага, се вели во соопштението од американскиот Конгрес.

Претставниците на трите комисии од Претставничкиот дом, за разузнавање, надзор и реформи и за надворешни работи, укажуваат дека „ова не е нормално или прифатливо“.  „Тоа е неетички, непатриотски и погрешно. Американски претседатели никогаш не треба да вршат притисок врз странски сили за напад на домашни политички ривали“, се вели во соопштението.

Пораките беа објавени по речиси десетчасовно сведочење на Волкер вчера пред трите комисии и откриваат разговор меѓу него и двајца други американски дипломати за тоа како да постапат со барањата на Трамп за истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Еден разговор покажува како Волкер му пишува на советник на Зеленски, ветувајќи средба на новоизбраниот претседател со Трамп во Вашингтон во замена за истрага.

Но, Трамп денеска на подолг брифинг пред новинарите се дистанцираше од пораките што ги објави Претставничкиот дом.

Бајден е во трка за номинација претседателски кандидат од демократите на изборите во 2020 година.

Трамп инсистирал Зеленски да отвори истрага за време на телефонскиот разговор на 25 јули, постапка што поттикна истрага за негов импичмент во Конгресот.

Претседателот го обвини Бајден за злоупотреба на неговата моќ, преку наводно барање Украина да запре кривична истрага водена од украински обвинител за неговиот син Хантер.

Претседателот и неговите соработници не обезбедија никакви докази да покажат дека Бајден бил вклучен во нелегална активност.

Кампањата на Бајден, пак, отфрли секакви сомнежи за корупција во времето кога како потпретседател се ангажирал во напорите на меѓународната заедница да ја запре корупцијата во Украина.

Извор: МИА

Next Post

Израелската иновација за лица со оштетен вид и кај нас, прв корисник девојче од Битола

Discussion about this post

НАЈНОВО

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

October 29, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk