ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Израелската иновација за лица со оштетен вид и кај нас, прв корисник девојче од Битола

October 5, 2019 08:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

 Читање печатени и дигитали текстови, весници, книги, ресторански менија, знаци, етикети/декларации на производи, екрани на мобилни и компјутери… Ова на слепите и на лицата со оштетен вид ќе им го овозможи израелската иновација „ор кам мај ај“ (OrCam MyEye), која во текот на месецов се очекува да пристигне и кај нас.

Прв корисник ќе биде девојче од Битола.

Како ќе се дистрибуира „ор кам мај ај“ и за кого сè ќе биде достапен, допрва ќе се дефинира, иако првичните контакти со надлежните се веќе направени.

Станува збор за многу едноставна направа, базирана на технологија (софтвер) за вештачки вид. Освен што чита печатени и дигитали текстови, препознава и лица, производи, кредитни картички, пари…

Тежи само 22,5 грама и по принцип на магнет се „закачува“ на рамките за очила.

– Со нашиот паметен уред оспособуваме десетици илјади луѓе кои се слепи или имаат оштетен вид. Им овозможуваме да работат, да функцонираат нормално во секојдневниот живот, рече Рафи Фишер од „Ор кам“ пред македонските новинари кои со поддршка на Фондот за иновации имаа можност да посетат повеќе стартапи во Тел Авив и Ерусалим.

Демонстрирајќи како функционира уредот, Фишер напомена дека „ор кам мај ај“ работи и во темно, а пораките (читањето) ги пренесува преку мини ХД-звучник. Во него е вграден и ГПРС-навигатор.

Апаратчето е способно автоматски да го ажурира и софтверот за вај-фај.

Батеријата трае 1,5 час ако корисникот чита книга или цел ден ако се користи повремено. Уредот сам кажува колку од батеријата е потрошена, а се полни многу брзо, 70 отсто за 15 минути.

– Капацитетот на препознавање е 100 лица (со име и презиме), два милиона различни баркодови и 200 видови производи. Притоа, сè што корисникот чита, останува, се чува во апаратчето. Значи, од тој аспект, смарт уредот е сосема доверлив, безбеден. „Ор кам мај ај“ може да ви каже и колку е часот, ако носите рачен часовник и го приближите накај него, како и да ве предупреди дека некој стои спроти или до вас, дали е машко, женско или дете, објасни Фишер.

На компанијата ѝ требале многу години да го развие производот. Првата генерација „ор кам мај ај“, освен „читач“, имала плус два засебни дела: батерија и жица, кои корисникот морал да ги носи со себе. Но, сегашната, напредна верзија е значително поедноставена. Сè е содржано во една компонента.

Засега, уредот „зборува“ на 25 јазици, меѓу кои јапонски и кинески, а од „нашите поблиски“, руски, чешки и бугарски. Наскоро се очекува да биде достапен и на арапски. Го има во над 40 земји од светот и чини околу 4.500 евра. Во САД ветераните го добиваат без пари, а во Германија го обезбедуваат осигурителните друштва.

– Веќе преговараме и со други земји, како вашата. Бараме партнери, а тоа може да бидат невладини организации, Сојузот на слепи, осигурителни компании. Всушност, ова е одлична основа за почнување бизнис, рече Фишер.

Дополни и дека производот му бил презентиран на принцот Вилијам.

Израелскиот амбасадор Дан Оријан, кој ги организираше посетите на израелските стартапи и постојано ги придружуваше новинарите, информира дека за дистрибуирање на „ор кам мај ај“ во земјава веќе се остварени средби со министрите за здравство и за труд, Венко Филипче и Мила Царовска.

– Дефинирано е и кој ќе биде првиот корисник на „ор кам мај ај“. Се работи за девојче од Битола, откри Оријан.

Уште една израелска приказна овој месец во земјава

Двапати неделно фудбал, двапати неделно дополнителна настава. Вака изгледа „програмата“ на израелскиот стартап, чиј основач Лиран Гераси одлучил да им овозможи на сиромашните деца од помалку развиените региони да се занимаваат со „најважната споредна работа на светот“.

Гераси овој месец треба да дојде во Скопје и да преговара со наши заинтересирани институции, кои би помогнале во спроведувањето на проектот.

– Ако децата не одат на дополнителна настава или ако таму не покажат соодветно, пристојно однесување, ќе го изгубат правото на бесплатно тренирање фудбал, објасни Гераси.

Проектот засега се спроведува во околу 80 земји, меѓу кои оние од Африка, а во регионот во Србија и Црна Гора.

Извор: МИА

Next Post

Променливо облачно време со сончеви периоди

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk