Штип е центар на текстилната индустрија и затоа особено сум горда што токму тука голем број на шивачки конфекционерки и работнички во текстилниот сектор повеќе не земаат мининимална плата пониска од законскиот минимум, туку денес таа е иста како и во сите сектори и изнесува 12.507 денари. Благодарение на ова решение, 50.000 работници од трудово интензивните индустрии добиваат плати повисоки за околу 4.000 денари месечно“, истакна потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска на караванот трибини „На прав пат’ кој започна во Штип.
Таа зборуваше за мерките на кои досега посветено работеше Владата предводена од СДСМ заедно со Министерството за труд и социјала , со цел да се обезбеди фер и праведно општетство, подобро место за живеење на сите граѓани.
„Конечно проблемот со стечајците е решен, тој е минато. Успеавме да заштитиме 11 илјади стечајни работници, а со последните измени опфатот ќе порасне за 1.000 лица со што вкупно 12.000 стечајни работници ќе бидат материјално обезбедени и до пензионирањето ќе примаат надомест од 8 илјади денари. Просечната пензија порасна за околу 800 денари, а не само тоа туку и обезбедивме сигурна пензија со стабилизирање на пензискиот фонд“, истакна Царовска.
Таа посочи дека воведувањето на социјалната реформа обезбеди 300 илјади семејства кои живееја на работ на егзистенција, денес да имаат пристоен живот.
Да, социјалната реформа е на прав пат.-рече Царовска. 20 илјади деца денес добиваат детски додаток, а осум илјади образовен. Работиме посветено на извлекување на децата од детската сиромаштија ,затоа што со тоа директно влијаеме тие во иднина да основаат стабилни семејства со пристоен живот“, рече Царовска.
Таа истакна дека градењето на нови градинки со цел секое дете да има можност да посетува градинка каде и да живее, зголемувањето на платите на вработените во истите е она во што се вложуваше периодов но ќе продолжи и во иднина.
Покрај градинките посветено се работеше и на градењето на групни домови, секое дете да биде згрижено, со 24 часовна грижа од стручни работници и негователки, потенцираше министерката Царовска.