Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе изврши воена воздушна и копнена операција источно од Еуфрат во Сирија, каде Анкара и Вашингтон сè уште ја немаат воспоставено планирана „сигурна зона“.
– Се подготвивме, направивме оперативни планови и ги дадовме потребните упатства, рече Ердоган, додавајќи дека Турција ќе спроведе воздушни и копнени активности „денеска или утре“.
САД претходно се согласија заеднички да воспостават безбедна зона на сириската граница, но Анкара не е задоволна од напредокот на тој план и често се заканува дека ќе спроведе воени операции таму, јавуваат светските агенции.
извор: МИА