ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дронзина: За време на изборите во Македонија во голема мера целата хибридна војна се водеше од територијата на Бугарија

За време на изборите во Македонија во голема мера целата хибридна војна се водеше од територијата на Бугарија бидејќи таму се наѓаше седиштето на руското разузнавање.

October 5, 2019 13:01
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Темата за хибридните закани, која е динамичен процес, ги загрозува сите земји од Југоисточна Европа. Враќањето на интересот на САД на овој дел од Балканот е за поздравување, со оглед на тоа што ќе се затвори процесот на евроатлантска интеграција и побрзо ќе бидат затворени одредени отворени прашања, порача денеска проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Маријан Ѓуровски на Регионалната школа за безбедност на тема „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата-предизвици за регионална соработка“.

Според него, особено е значајно да бидат подготвени човечките ресурси да одговорат на размената на информации, нагласувајќи дека, доколку врз основа на принципот на професионализација, департизација и декриминализација не изградиме професионален безбедносен систем, ние нема да видеме кредибилен факор и може на почетокот да не ги добиваме сите информации.

– Нужно е врз парламентарниот, политички мониторинг, невладините организации и медиумите да се следи целиот процес на трансформација, со оглед на тоа што е чест, но и обврска членството во НАТО, добивањето на информацијата, која можеме да ја добиеме од останатите 29 земји членки, да придонесе побрзо да се справуваме со секој тип на вакви хибридни но и асиметрични закани, потенцираше Ѓуровски.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски наведе дека хибридните закани навистина во поседно време стануваат сериозна закана за националната безбедност како во нашата земја, така и во регионот.

– Во последниве година навистина имаме индиции и факти дека и ние како земја сме изложени на вакви закани и од тој аспект нашата Влада одлучи да изготви предлог план за одлучна акција за спротивставување на дезинформациите, посочи Димовски и наведе дека земјата соработува со структурите на НАТО и ЕУ,  кои имаат изградено стратегија за соработка и стратегија за спротивставување на оваа современа закана.

Татјана Дронзина, професор на Државниот Софиски Универзитет, истакна дека целосно се согласува со тоа дека постојат хибридни закани, посочувајќи оти тоа се гледа во работата на медиумите, на политичките партии кои не работат за националните интереси, како и при донесување на одлуките за Бугарија, бидејќи решенијата се наоѓаат надвор или за нив се прашуваат други луѓе.

– За време на изборите во Македонија во голема мера целата хибридна војна се водеше од територијата на Бугарија бидејќи таму се наѓаше седиштето на руското разузнавање. Така што од таа гледна точка јас се приклучувам на мислењето на колегите дека ние треба заедно да се бориме, затоа што иднината, како на Бугарија, така и на Македонија е во ЕУ и НАТО, потенцираше Дронзина.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk