Поради падот на надворешната температура, од денеска 7-ми октомври , започна грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ и ЕЛЕМ. Од БЕГ тоа го најавија во текот на вчерашниот ден, но од утрово и корисниците приклучени на ЕЛЕМ изјавуваат дека радијаторите се затоплени.
Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеролошки работи.
Коментарите на корисниците се позитивни во правец дека одамна не се памети ваква брза и навремена реакција на БЕГ и ЕЛЕМ.