fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Холандскиот парламент денеска одлучува за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Претходно и премиерот Марк Руте, изјави дека според Владата Северна Македонија направила поголем напредок од Албанија

October 8, 2019 11:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Холандскиот парламент денеска треба да расправа за проширувањето на Европската унија и одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување кон Унијата, објави холандската телевизија НОС.

Холандската телевизија наведува дека двете земји повеќе години работат на добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но засега тие се оставени на чекање, додека ставот на Холандија е дека земјите, особено Албанија, се уште не се целосно подготвени.

Во пресрет на дебатата, шефот на холандската дипломатија Стеф Блок, испрати писмо до Парламентот во кое, меѓу другото оценува дека холандската влада ја дели оценката на Европската комисија за нашата земја.

– Холандската влада ја дели оценката на Европската комисија дека Владата на Северна Македонија презеде многу позитивни чекори во изминатата година. Договорот од Преспа е пример за регионот и преземени се видливи чекори во реформската агенда. Продолжувањето на случаите на СЈО е обезбедено со нивниот трансфер во Јавното обвинителство. Значаен чекор што треба да се преземе е усвојување на закон што ќе гарантира независно гонење на можна идна корупција на највисоко ниво, пишува во Блок во писмото до параламентарците.

Претходно и премиерот Марк Руте, изјави дека според Владата Северна Македонија направила поголем напредок од Албанија. Оцени дека отворањето пристапни преговори со Албанија во овој момент би било прерано.

Германија, која исто така, беше воздржана околу одредување датум за преговори, неодамна донесе одлука за отворање на пристапните преговори под услов Албанија и Северна Македонија да исполнат одредени услови, како што се подобро функционирање на судството  и ефикасна борба против организираниот криминал.

Тоа се истите услови што ги поставува и Холандија, но сепак се уште останува отворено прашањето дали холандскиот Парламент ќе донесе иста одлука како и германскиот Бундестаг.

Холандскиот парламент на 12 јуни годинава веќе расправаше за отворање преговори со двете земји. Парламентарците тогаш се согласија да бидат отворени преговорите со Северна Македонија, но со мнозинство гласови донесоа резолуција против старт на преговори со Албанија.

извор: МИА

НАЈНОВО

Герашченко: Русија ја губи војната не само во стратешка, туку и во директна воена смисла

September 23, 2023

Кои македонски медиуми лапнаа „руски кромид“ со фабрикувано видео ширено од Захарова, дека на билборд во Њујорк пишувало „Слава на Урина“?

September 23, 2023

Пред 80 години, во село Подвис, Кичевско, се одржал првиот училишен час на мајчин македонски јазик

September 23, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Мицкоски во небрано, врти телефони, му клецкаат колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раздор во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски во битка за тронот на белата палата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Новаци никна најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот која ќе произведува 85.000 MWh струја доволна за опслужување 30.000 семејства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бектеши: Намалување на цените на пијалоците наредната недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шарлатани!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk