Пратеничката од владејачката СДСМ Фросина Ременски е меѓу четиримината новоосомничени лица во случајот „Рекет“, дознава телевизијата ТВ24.
„Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“, – дознава ТВ 24.
Сите се осомничени за перење пари, помагање и измама. Проширувањето на истрагата за невладината на Бојан Јовановски Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Денеска Државниот обвинител Љубомир Јовески откри дека Обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски или „Боки 13“, во кој се осомничени се пет лица од кои едно е функционер, а постапка се води и против едно правно лице. Сите се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање.
Извор: ТВ24