Отскако се посрамотија на Денот на независноста, 8 Септември, опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажа срамежливи знаци на волја да се приклучи кон прославата на големиот државен празник, 11 Октомври. На прославата на празникот во Куманово, се појави партискиот функционер Владо Мисајловски во придружба од четворица членови на партијата. Во Бутел се појавија Коце Трајановски, Трајко Славески и една непозната госпоѓа, на празничните одбележувања.
Освен со едно рутински партизирано соопштение на партиската веб страница, Мицкоски сѐ уште не објавил селфи од некој пикник.
Да потсетиме, Денот на независноста, 8 Септември, помина без ниеден функционер на опозициската партија која очигледно реши да го бојкотира одбележувањето на овој датум што ја означува македонската државност. Непочитувањето на државата и нејзините празници им донесе голем број критики и негативни поени, по што тие решиле да го поправат впечатокот, барем делумно.
Во очекување на уште едно „револуционерно“ пикник-селфи на Мицкоски, дежурната екипа на Фронтлајн ќе остане отворена за нови информации од прославата на Денот на востанието.
Видосава Стојческа
дежурна репортерка
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK