Премиерот Зоран Заев најави поевтинување на цел пакет на трошоци за регистрација и осигурување на возилата.
На вчерашната трибина „На прав пат” во Куманово, Заев најпрво најави поевтинување на зелениот карток со цел да им се овозможи на сите граѓани да го купуваат. За оваа мерка владата е во комсултации со осигурителните компании.
„Веќе разгледуваме варијанти за да го поевтиниме зелениот картон, затоа што нормално ако е скап не го купуваат. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон. Тоа е во преговори со осигурителните компании и со сето она што претставува како трошок во зелениот картон како користење на патишта и друго”, рече Заев.
Освен зелениот картон првиот човек на владата најави и намалување на цените на наплатните рампи како и за регистрација на патничките возила.
„Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ги рационализираме и намалиме регистрацијата на возилата која што ја имаме, оти и тоа е да им остаивме пари на граѓаните назад кон граѓаните. Така да работиме на намaлување на цената на Зелениот картон”, најави премиерот Зоран Заев.
Моментално, цената на зелениот картон се движи од 1850 денари за месечен зелен картон, до 5.536 денари за зелен картон на годишно ниво, зависно од киловатите на патничките возила.
Арбен Зеќири