„Никогаш северна“, „Каков воздух дишат битолчани?“, „Битола е во клиничка смрт“, „Нобелова за лажење“ – се транспарентите што ги истакнаа четириестина битолски приврзаници на радикалите, пред зградата на општината каде што денеска се одржа владина седница. Меѓу транспарентите се најде и „Битола памти, не заборава“, кој го издвоивме за рубриката БИСЕРИ за денеска.
Значи, Битола, освен што памти, таа и не заборава. Освен што ќе го прогласиме за бисер, во оваа прилика ќе изразиме и надеж дека Битола, штом памти, не го заборавила владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.