Здружението на работодавачи и Сојузот на стопански комори ја поддржуваат одлуката за зголемување на мимималната плата на 14.500 денари, истакнувајќи дека Владата била внимателна и одлуката е донесена низ процес на дијалог и консултации.
„Владата многу внимателно влезе во овој процес. Ова покачување за некои сектори може да изгледа дека е повеќе, но треба да потсетите дека со новиот Закон, придонесите се на товар на Владата. Се надевам дека овој процес многу внимателно ке продолжи”, изјави Ангел Димитров, претседател на Здружението на работодавачи.
Со сличен став беше Бранко Азески, претседател на Стопанска Комора на Северна Македонија.
„Мислам дека Македонија мора да тргне напред, а ќе тргне напред само ако се поддржува стопанството. Мора да се даде еден ентузијазам, мислам дека чекорот е исправен, а дијалогот уште еднаш покажа дека може да се најде до решение”, изјави Азески.
Според Неби Хоџа од Стопанска Комора на Севернозападна Македонија, оваа одлука ќе има позитивно влијание во многу аспекти.
„Мислам дека е чекор за поздравување“, изјави Хоџа.
Арбен Зеќири