Пред почетокот на самитот на европските лидери денеска во Брисел, Макрон зборуваше за Брегзит и за стратегиската агенда на Унијата за која треба да се расправа на овој самит, а зборуваше и за односите на ЕУ со Турција. Но, не го ни спомена проширувањето, пренесе Телма.
За тоа дали на Македонија и Албанија ќе им се даде датум за почеток на преговори треба да се расправа вечерва на работна вечера на шефовите на држави и влади на Унијата закажана за 20 часот.
Вчера од Тулуз, Макрон остана на ставот дека прво треба да се промени начинот на преговарање со идните членки, а потоа Унијата да се проширува. Проценките се дека шансите за пресврт во неговиот став се речиси невозможни.
Извор: Телма