Сенатот на Франција, денеска го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Процедурата налага откако помина во Сенатот, протоколот да оди на усвојување во Националното собрание на Франција. Претпоставките се дека во ноември пратениците во Асамблејата ќе го одобрат протоколот што ќе значи дека Париз и официјално ја завршил постапката за потврда на приемот на РС. Македонија во НАТО.
Вчера конечна потврда за прием во НАТО добивме од Италија и од Велика Британија. Остануваат уште 5 земји членки од вкупно 29 да го направат тоа.
Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд. Според праксата досега вообичаено е Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на американскиот Конгрес.
Протоколот беше потпишан на 6 февруари 2019 година од страна на 29 сојузнички земји и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.
На крајот на процедурата за ратификација од сите земји на Алијансата, Северна Македонија, која веќе има статус на „земја гостинка“, ќе стане 30-та членка на НАТО и ќе ги има истите права и обврски како и другите сојузници.
извор: МИА