ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Пендаровски: Не е време за апатија, иако одлуката на Советет е спротивна на оправданите очекувања, лидерска средба в недела

Меѓутоа, во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на ЕУ кон државите од нашиот регион, различен од патот што го поминаа некогашните земји кандидати за членство во ЕУ. Тие дилеми допираат до самата суштина на европската идеја, а таа е дека сите земји членки со исполнување на критериумите имаат право на полноправно членство во Унијата.

October 18, 2019 14:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Ребублика Северна Македонија, Стево Пендаровски се обрати на нацијата и апелираше на воздржаност, сплотеност и обединетост иако како што кажа „за жал заклучоците на Советот на ЕУ не се во согласност со нашите оправдани очекувања и сигурно не се во рамките на претходните најави на самата Унија“.

„Разбирливо е што во овие моменти кај многумина постои чувство на разочараност, меѓутоа емоциите на страна, мораме трезвено да се соочиме со новата реалност. Ниту една политичка одлука не е за вечни времиња, ниту еден развој на настаните не е конечен. Неколку искуства од годините на нашата независност зборуваат во прилог на оваа моја констатација. Но, пред да донесеме одлука за тоа како понатаму, важно е да разбереме зошто некои одлуки се такви какви што се, а не такви како што со право очекувавме да бидат. Имено, неспорно е дека ги исполнивме сите предуслови за почеток на преговорите и тоа беше констатирано на претходната средба на Советот и беше заклучено дека од технички причини поврзани со временскиот лимит со Евроизборите, одлуката ќе биде донесена на Самитот во октомври“, рече Пендаровски.

Според Пендаровски, сите информации со кои располагале пред и за време на Самитот, неспорно зборувале за концепциски разлики меѓу носечките држави-членки на ЕУ во однос на процесот на проширувањето.

„Дел од тие забелешки се однесуваат на методологијата за водење на претпристапните преговори. Мојот став беше и останува дека предлозите за надградување на методологијата се добредојдени заради позитивни промени. Меѓутоа, во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на ЕУ кон државите од нашиот регион, различен од патот што го поминаа некогашните земји кандидати за членство во ЕУ. Тие дилеми допираат до самата суштина на европската идеја, а таа е дека сите земји членки со исполнување на критериумите имаат право на полноправно членство во Унијата. Нашата држава има многу искрени пријатели и сојузници во Европа. Во овие моменти кога некои од нас се преиспитуваат, сакам јавно да кажам дека ние во Европа немаме непријатели, постојат само држави кои имаат свои специфични национални интереси кои ги штитат и во тоа нема ништо спорно. Сведоци сме дека огромното мнозинство држави се бореа и се борат за нашите интереси како што се борат за сопствените национални интереси. Нивната поддршка е искрена и без заддршка, а во тоа се уверив и за време на моите посети во Брисел, Берлин, Виена и Љубљана. Убеден сум дека сите тие ќе продолжат да не поддржуваат независно од развојот на настаните во иднина“, рече Претседателот Пендаровски.

Пендаровски истакна дека сега е најважно ние самите, уште еднаш, да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатлантските интеграции кои немаат одржлива алтернатива.

„Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ, знаеме одамна, нема да биде задача само на една влада, на еден парламент или на еден претседател. Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја, единствениот исправен пристап, имајќи ги во предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Ние не треба да бидеме само формално членка во унијата, туку реално да го усвоиме системот на вредности и нивна примена во секојдневниот живот на граѓаните.  Реформите во многу области, а особено функционирањето на правната држава, мора да продолжат и да се интензивираат без никакви калкулации. Справувањето со организираниот криминал и високата корупција не се само услов за интеграциите, тие се, многу повеќе, нужност за опстојувањето на еден оддржлив правен поредок. Европските стандарди треба да станат домашни стандарди. Ако нашите луѓе не видат европски стандарди на живеење, само формалното членство во Унијата не му е никому потребно. Независно од заклучоците на Советот на ЕУ, договорите што ги постигнавме со нашите соседи Бугарија и Грција мораме да продолжиме да ги спроведуваме, онака како што е договорено, со фер пристап од сите страни, бидејќи тие се темел на добрососедските односи, но и на регионалната соработка и стабилност“, рече Пендаровски.

Претседателот изјави дека, во името на нашата иднина ги повикал раководствата на најголемите политичките партии, за момент да ги остават настрана своите легитимни партиски интереси и сите заедно да ја реафирмираме нашата визија за иднината на земјата.

„За таа цел упатив покани за лидерска средба до претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата. Убеден сум дека токму сега е време да покажеме единство околу нашата стратешка ориентација, без разлика на легитимните политички разлики по многу прашања.Сакам да ја информирам македонската јавност дека од сите поканети добив позитивен одговор и таа средба е веќе закажана за в недела, на 20 октомври“, рече Пендаровски на денешната прес конференција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода неколку улици и дел од Клиничкиот центар

May 9, 2025

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, Васил Јованов призна вина, родителите бараат за него најстрога казна

May 9, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk