ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Азески: Подготвени сме да ги ставиме сите свои капацитети во процесот кон европските вредности

Од денес мора да продолжиме да работиме исто како да сме добиле датум минатата недела – Македонија нема друга алтернатива и мора да продолжи да оди по европскиот пат

October 20, 2019 12:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денес мора да продолжиме да работиме исто како да сме добиле датум минатата недела – Македонија нема друга алтернатива и мора да продолжи да оди по европскиот пат. Заради тоа, повикувам сите политички чинители во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би учествувале во преговарачките процеси и да се анимираат сите експертски и професионални потенцијали, сите ресурси во општеството, и активно, секојдневно да се продолжи работата за приближување кон европските вредности, традиции и принципи, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, пренесува МИА.

Во соопштение до медиумите, Азески наведува дека недобивањето датум за почеток на преговори не е  причина за да се бараат изговори и откажувања, заедничките тимови, како што вели, мора да продолжат непрекинато да работат, без оглед на најавените избори, а „ако сакаме воопшто и да помислиме на ЕУ, не смее ни да се помисли на било што друго освен спроведување на изборниот процес по највисоките европски принципи“.

Нагласува дека Стопанската комора на Македонија, како најстара и најзначајна бизнис-асоцијација во земјата, врз основа на искуствата на нејзините партнерски комори од тие земји во водењето на пристапните приговори на Словенија, Хрватска и Бугарија, како сериозна институција има донесено документ за нашето партиципирање во тој процес.

-Во тие земји, претставниците од коморите биле активно вклучени во целиот тек на преговарачките процеси, па дури и биле главни преговарачи за определени поглавја (вклучувајќи ги на пример, поглавјата 11, 12 и 13 поврзани со секторот земјоделство), наведува претседателот на Стопанската комора. Затоа, и јавно декларираме дека сме подготвени да ги ставиме сите свои капацитети (стручната служба на Комората и база на повеќе од 950 менаџери, стопанственици и експерти од различни области, вклучени во органите и телата на Комората) на располагање во тој процес.Заеднички мораме да продолжиме да ги правиме сите потребни реформи не затоа што некој друг од надвор ни ги бара, туку затоа што се неопходни, истакнува Азески.

Next Post

Дипломатски клуб: Одлуката на Европскиот совет може да има дестабилизирачки последици за Македонија и регионот

НАЈНОВО

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

October 30, 2025
Фото: Фејсбук профил на Билјана Ивановска

Билјана Ивановска ги демантира манипулациите дека дава поддршка за ЗНАМ: „Не повикувам гласачи и не правам пазар со партии“

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk