ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

October 30, 2025 10:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во македонската историја, за македонската култура, вели Марко Виденовиќ член на Македонската филхармонија повеќе од дваесет години за настапот во Златната сала на Музикферајн во Виена – една од најпрестижните концертни сали во светот.

Виденовиќ музицира на виола и е водач на виоли во оркестарот. Пишува поезија, компонира, а воодушевеноста од како што вели магичниот настап на Филхармонијата и солистите Ана и Игор Дурловски, врвни професионалци, ја сподели на социјалните мрежи.

„Некои седумдесетина души пристигнуваат во Виена. Малку повеќе изморени од патувањето, но многу повеќе возбудени од она што треба да го сторат на највисоко ниво. Следниот ден навидум одморени, но за една ноќ тешко кој може да се одмори, како и да е, влегуваат во една од најпрестижните концертни сали во светот, и секој од нив возбуден во очите му се гледа сето тоа, во однесувањето, низ меѓусебните разговори…искрат измешани чувства.

Јас можам да пишувам за моите чувства, но повеќе од убеден сум дека кај секој од моите колеги беше исто или барем многу слично, си го поставував прашањето, како ќе биде, дали ќе бидеме онака како што најчесто сме, на високо ниво, за жал не толку ценети од одредени личности кои по некои пишани и непишани правила треба секогаш да бидат нашиот грб, да бидат нашата поддршка? И сето ова немаше можеби ниту да го помислам доколку овој концерт беше некој од нашите редовни концерти во Скопје или во било кој град во Македонија бидејќи таму е нашата најголема поддршка, нашата публика, но тука бевме на туѓ терен, онаму каде што настапува еден од најпрестижните оркестри на сите времиња и тоа на светско ниво, Виенска филхармонија. Бевме нешто слично како македонската фудбалска репрезентација која пред петнаесетина дена гостуваше во Белгија и оствари одличен резултат.

Следно нешто беше: излегуваме на сцената на Златната сала во Виена, а таа преполна, можеби стотина празни места од близу две илјади колку што е нејзиниот капацитет. Јас умеам со зборови, ми дал Господ дарба, барем така ми кажуваат многу луѓе, малку нескромно е можеби ова од моја страна, но тоа е, сепак, ова чувство не умеам да го опишам со збор. Трепет, ежење, одговорност, трема, тресење на секој мускул… Брз поглед низ публиката, и таму еден куп познати лица од Македонија, наши колеги, пријатели, наши поддржувачи кои допатувале на своја режија за само и само да бидат со нас и да не поддржат, а во нивните очи некоја енергија која ти дава сила да полеташ.

По првиот отсвирен тон магијата почна да работи. За да биде уште поволшебно, на сцената излегуваат Ана и Игор Дурловски , е дури за ова немам зборови да опишам. Солзи кај нас на сцената, солзи во публиката, кулминација на совршеноста. На крајот остануваме повторно сами, ние уметниците од Македонската филхармонија, и се создава уште една магија. Аплауз од скоро пет-шест минути, можеби и повеќе, нормално бис и скоро две илјади среќни души. Да усреќиш еден човек е огромен успех, а замислете ако тоа го постигнете кај скоро две илјади, неописливо чувство.

Би пишувал два дена, но и ова е предолго, но сакам само да кажам дека денеска испишавме нов лист во македонската историја, за македонската култура. Жал ми е што нашата прекрасна сала во Скопје не е секогаш исполнета до последното место, но тоа не е наша вина, тоа е проблем на целиот систем, но и покрај сѐ, онаа публика која ја имаме е искрена и ни е ветер во грб. Веќе следната седмица почнуваме со нашите редовни концерти кои оваа виенска публика не би ги пропуштила, па зошто тоа да го пропушти македонската.

Македонската филхармонија е големо семејство во кое како и во секое, има проблеми и препреки, но ако се сака, сѐ може да се реши. Почнувајќи од музичарите, па преку сценските работници, нототека, администрацијата, раководителите па сѐ до хигиеничарите, секој еден е дел од овој историски успех. Нека ни е вечна Македонска филхармонија и вака да ни е најлошо!“, стои во објвата на Виденовиќ на неговиот фејсбук  профил.

Македонската филхармонија со свечениот концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, каде традиционално се одржува и прочуениот новогодишен концерт на Виенската филхармонија,  го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето, а воедно и во нзакот на 30 години од дипломатските односи меѓу нашата земја и Австрија.

Настапот на Македонската филхармонија во Виена беше поддржан од Министерството за култура и туризам и од македонската Амбасада во Австрија, како дел од проектот за културна дипломатија и интернационална промоција на македонската уметност.

Next Post

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје, прегласување во една, а нови постапки во четири општини

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk