Имаме јасен државен концензус и сите лидери на партии стојат зад идејата Република Северна Македонија, што е можно поскоро да ги почне тие преговори и да стане членка на Унијата. Сите стојат на тоа дека немаме проблем со новата методологија. Сите лидери кажаа НЕ на било каква друга алтернатива за членството. Иако немаме конкретно понудено, но имаше такви имформации за да не стават во некое соседство.”, изјави на прес конференција претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на првиот дел од лидерската средба, на која се разговарало за ЕУ интеграциите.
Тој рече дека ова е трет пат нашата држава да се наоѓа во ваква ситуација во меѓународните односи. Прв пат во 1991 година кога Европската Унија не сакаше воопшто да не признае како држава доколку се содржи името Македонија, вториот пат во 2008 на самитот на НАТО во Букурешт и сега е третиот пат.
По прес конференцијата, Пендаровски најави дека ќе се зборува за предвремени парламентарни избори.
„Мојот првичен став е дека тоа мора да биде апсолутен концензус на партиите на власт и тие во опозиција. Во 2008 тогаш бевме одбиени за НАТО и партијата на власт се врати и распиша избори. Тоа не ни треба, јас инсистирам и кај партиите нивна желба за комцензуално договарање за изборите. Но ги информирав лидерите дека кога сите членки на НАТО ке ратификуваат протоколот за НАТО има уште еден чекор, треба ние да го ратификуваме. Да не дојде за текничка причина односно ние да немаме Собрание да го ратификуваме, НАТО ни треба час поскоро“, рече Пендаровски.
Не би сакал поради технички причини да се одложува членството во НАТО“, рече Пендаровски алудирајќи на тоа дека доколку парламентот биде распуштен поради избори нема да може да се ратификува членството.
А. Зеќири