Обвинителството побара притвор за лице од скопско Арачиново, откако завчера при претрес на неговиот дом во фиока во плакар во шупата била пронајдена рачна бомба, пренесува МИА.
– Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на осомничениот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој се наоѓал во шупата, била пронајдена експлозивна направа – рачна бомба модел Ф1, соопшти денеска Јавното обвинителство.