Германскиот министер за економија Петер Алтмајер, кој деновиве доаѓа во посета на Балканот, изјавил дека интерес на Германија и на ЕУ е што побрзо да почнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија за нивна интеграција во Унијата.
Тој за германскиот весник „Билд“ вели дека е разочаран од исходот на Самитот на ЕУ во Брисел. “Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија и Албанија, признавајќи ги нивните големи напори за демократија и стабилност. Пристапните преговори со двете земји треба да почнат што е можно побрзо”, изјави Алтмајер.