ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Постојаното гледање во телевизорот и компјутерот води до пониски оценки в училиште

Видеоигрите имаат влијание пред сѐ кај тинејџерите – кај нив се појавуваат таканаречените неквалитетни одлуки и проблеми со помнењето. Од друга страна, пак, компјутерските игри ја развиваат моториката и ориентациските способности на децата

October 21, 2019 13:59
in TECH FRONT, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Анализа заснована врз 58 различни истражувања од 23 земји, открива дека времето минато пред телевизор или компјутер со видеоигри води до пониски оценки в училиште, пренесува МИА.

Како што објави Си-ен-ен, претераното гледање телевизија лошо се одразува врз математичките и јазичните вештини кај децата меѓу четири и 18 години и е причина за проблеми во однесувањето и во навиките околу исхраната.

Видеоигрите имаат влијание пред сѐ кај тинејџерите – кај нив се појавуваат таканаречените неквалитетни одлуки и проблеми со помнењето. Од друга страна, пак, компјутерските игри ја развиваат моториката и ориентациските способности на децата.

Препорачливо е децата под 18 месеци да не се изложуваат на никаков уред со екран, освен ако не се работи за видеоразговор со блиските. Научниците посочуваат дека телевизорот лошо влијае врз развојот на комуникациските способности и на социјализацијата кај бебињата и малите деца.

За двегодишните е дозволено учењето зборови од таблет, но тоа е поделотворно во присуство на родител. Децата меѓу три и пет години може да имаат полза од образовните телевизиски серијали, преку коишто учат и си ги подобруваат умствените способности. Од друга страна, пак, многу од содржините и апликациите за паметни телефони и таблети всушност и не се така квалитетни како што се претставени.

Кај децата на шестгодишна возраст и постари, се препорачува родителите да стават ограничување во времето пред телевизор. За нив е важна и комуникацијата родител – дете, т.е. да се објаснуваат содржините со коишто децата се среќаваат на интернет.

Целта е децата кои штотуку тргнуваат на училиште да имаат одредена резерва кон интернет-содржините, за да не станат жртви на дезинформации. Особено е битно тие да го разберат концептот на рекламите, како и поимите „хакер”, „интернет-трол” и „спам”.

Надзорот од родителите се препорачува и при гледањето телевизија и играњето компјутерски игри со своите деца.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Велешката болница доби санитетско возило

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп разгледува нови санкции против Русија

September 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата прогласи прв светец од Милениум генерацијата, 15-годишник компјутерски специјалист

September 7, 2025

Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сабаленка триумфираше на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk