Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари и во споредба со август лани е поголема за 3,8 отсто, објави Државниот завод за статистика, а пренесе МИА.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10,9 отсто, транспорт и складирање за 7,3 отсто и информации и комуникации за 5,8 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 4,7 отсто, уметност, забава и рекреација 3,5 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3 отсто.
Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2019 година изнесува 37.322 денари.