ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протести поради зголемување на цената на јавниот превоз во Чиле: 15 мртви, 239 повредени

Најголем дел загинале во пожари или при грабежи на трговски центри во Сантјаго и други населени места

October 22, 2019 16:57
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 15 лица загинаа во последните четири дена од протестите во Чиле поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, јавува МИА.

– Најголем дел загинале во пожари или при грабежи на трговски центри во Сантјаго и други населени места, изјави денеска заменикот министер за внатрешни работи Родриго Убија. Тој прецизираше дека три од жртвите во престолнината се застрелани.

Во протестите, кои прераснаа во насилства повредени се 239 лица, меѓу кои и 50 војници или полицајци. Досега се приведени околу 2.200 лица.

Поради протестите, претседателот Себастијан Пинера денеска свика лидерска средба заради разработување на идејата за социјален пакт, кој ќе ги обедини политичките партии во барањето на најдобрите можни решенија за проблемите кои ги засегаат Чилеанците.

Од петокот навечер во Сантјаго, како и во девет од 16 провинции во земјата, во сила е вонредна состојба. Трета ноќ по ред во чилеанската престолнина има полициски час, кој трае од 20 часот до 06 изутрина. Близу 10.000 полицајци и војници се распоредени по чилеанските улици, што е првпат од крајот на диктатурата на генерал Аугусто Пиноче (1973-1990).

Повик за протести денеска упатија и 18 чилеански синдикати и организации. Штрајкови и протести ќе бидат одржани и утре и задутре.

Протестите започнаа поради зголемувањето на цената на билетите за метрото во Сантијаго – одлука која претседателот подоцна ја повлече. Сепак, протестите продолжија, поттикнати од народното незадоволство од економските и социјалните услови во земјата и нееднаквоста.

Метрото, со кое патуваат околу три милиони луѓе секој ден, сè уште е затворено, откако во петокот демонстрантите упаднаа и оштетија 78 станиц . Штетата се проценува на над 300 милиони долари. Вчера, само една од седумте линии на подземната железница делумно ја обнови работата.

Наставата е во прекин во речиси сите училишта и универзитети во Сантјаго. Во меѓународниот аеродром, чилеанско-бразилската авиокомпанија ЛАТАМ инсталираше десетици кревети на склопување за патниците кои се блокирани во зградата од почетокот на протестите поради откажување или одложување на нивните летови.

Next Post

Државјанин на Швајцарија се повредил при пад од височина на Матка

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk