fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

A кој воопшто рекол дека мора

Новото име е забетонирано прво во нашиот устав, второ во регистарот на ООН. Македонија е Северна и дома и надвор. А тоа кој како, кога и во кои околности, во општа вербална и пишана комуникација, ќе ја употребува или нема да ја употребува географската Северна е личен избор и за по дома и за надвор. Задолжителното е само во делот на коресподенцијата во меѓународните релации. Сѐ друго е бла, бла. Чешлање домољубиви јазици и таму на југ и овде на север.

October 23, 2019 13:09
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Бесполезна и тема без тема е увезената дилема за тоа дали Македонија дома може да се нарекува само Македонија.

Некако отсега, во борбата за глас плус се наметнува, изветвената манипулативна реторика од типот патриоти и предавници. Се насетува дека во предизборните партиски кампањи, употребата на одредницата Северна ќе биде еден од несуштинските популистички,  беспредметни и не содржајни елементи за одвлекување на вниманието од вистинските партиски понуди. Дури и Христијан Мицкоски, веројатно од што немаше што друго да им каже на неколкуте насобрани граѓани во Гостивар, машки се пофали дека никој не можел да го натера да не изговара Република Македонија.

Не може човек на глас да не се изнасмее кога во подготовките на дизајнот на партиските кампањи се нудат алатки каква што е последнава со афирмирањето на пишувањето на влијателниот грчки весник „Катимерини“. За почеток и таму некои новинари, како и овде некои колеги, си го чешлаат јазикот на темава со големата дилема дали ние овде во земјава можеме да си се викаме Македонија или пак името за севкупна употреба е нашата фатална судбина.

Во коментарот, весникот се обидува да поентира со наводниот факт дека со тоа што Македонија не ги почнува преговорите со Унијата, ерга омнес било веќе загрозена категорија. И сега паника во Грција и радост во Македонија. Во овој дијапазон на нелогични спротивставености, заедничкото и кај едните и кај другите е што, недобивањето датум го враќало времето пред Преспанскиот.

Клучниот аргумент на грчкиот автор на текстот во „Катимерини“ кој во играта вклучува и едно латентно толкување на правниот авторитет Евангелос Венизелос, е дека без почеток на пристапните преговори со Унијата, владата во Скопје нема да има обврска да го користи своето ново име, Северна Македонија. Преспанскиот, иако тоа во него никаде децидно не пишува, на некој начин сугерирал дека новото име на земјата не би важело без почеток на пристапните преговори со Унијата.

Целата ова ујдурма од Грција, во наменски пакет на сеирџиството од недобивањето датум за преговори, еве, се пренесува и кај нас. Ама и паничарите во Грција и сеирџиите во Македонија го игнорираат клучниот факт дека името на нашата држава е сега Северна Македонија. И дома и надвор. Службено не службено, доброволно, не доброволно, присилно, не присилно, сакале, не сакале, тоа е.

Новото име е забетонирано прво во нашиот устав, второ во регистарот на ООН. Македонија е Северна и дома и надвор. А тоа кој како, кога и во кои околности, во општа вербална и пишана комуникација, ќе ја употребува или нема да ја употребува географската Северна е личен избор и за по дома и за надвор. Задолжителното е само во делот на коресподенцијата во меѓународните релации. Сѐ друго е бла, бла. Чешлање домољубиви јазици и таму на југ и овде на север.

И пред, на набедените патриоти, од овие редови да им се крене косата и да им  засветкаат очите, само потсетување на клучнииот факт:

Нашата државата Македонија, Северна ама Македонија, е единствениот имател на брендот Македонија. Нема друга. Просто.

извор ЦИВИЛ Медиа

НАЈНОВО

Маричиќ: Сигурен сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу УСБ-иња на Груевски

September 25, 2023

Десничарскиот екстремизам рапидно расте во Германија

September 25, 2023
Јасминка Џумхур, Ерик Мозе и Пабло де Грајф, членови на Независната меѓународна истражна комисија за Украина, присуствуваа на прес-конференција во Обединетите нации во Женева, Швајцарија, 23 септември 2022 година. Photo: REUTERS

Истрага на ОН: Русија измачувала украински жртви до смрт

September 25, 2023

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Радомир Почуча: Не сум мртов!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиуми од Косово: Идентификуван еден од напаѓачите во Косово. Кој е убиениот Почуча?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Србите на Косово се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, за осуда е убиството на косовскиот полицаец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косовските специјалци влегоа во манастирот Бањска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заврши полициската операција во Косово, уапсени десетина вооружени напаѓачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk