Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија, пренесе МИА.
– Германија ќе продолжи да дава поддршка како што тоа секогаш сме го правеле. Ве молам продолжете со овие реформи и убедете го секој оној што може да има какви било дилеми во однос на вашиот пат кон ЕУ, порача денеска германскиот амбасадор на одбележувањето на почетокот на градбата на германската компанија „Герешајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик.