ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ментален затвор

Тие ѓубриња мораат да им бидат на располагање на криминалците и насилниците секој ден и секоја ноќ. Тие се послушни аѓутанти на злото. Тие се поседувани, немаат каде да одат. Сѐ што имаат во себе и околу себе е лага. За нив реалноста е тоа што го гледаат внатре, меѓу ѕидовите на нивниот ментален затвор. Живеат во внатрешноста на черепите на своите газди, не живеат во реалниот свет.

October 23, 2019 10:58
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Судница во главниот град на една мала, сиромашна и напатена земја. Еден активист за човекови права и новинар, се обиде да ја бара правдата пред судот, па тужеше една телевизија, директорот, уредникот и новинарот, за клевета и навреда. Судскиот процес траеше речиси три години.

Во меѓувреме, судот го поштеди и ослободи директорот, потоа уредникот и на крајот, остана малиот новинарчиќ да ги брани телевизијата и себеси. Не му требаше многу напор, бидејќи самиот суд веќе беше решил него да го одбрани, како поддржувач на режимот, а активистот и новинарот да го влечка со години и да си поигрува со законот и со основното човеково право на фер судење.

Сѐ што требаше да направи тој морален отпадок што лажно се претставува како новинар, беше да се појави во судницата. Така, на последното рочиште, великата судијка, веројатно за да заличи таа фарса колку-толку, на судење, во еден момент му постави прашање на празноглавиот и грд шраф во агитпроп машинеријата на диктаторчето: „А зошто, еве, не му се јавивте на тужителот, па да ја проверите таа информација?“

Одговорот беше: „Па, новинарите на Би-Би-Си не му се јавуваат на Осама Бин Ладен… Се плашев да се јавам.“ Беше ослободен од одговорност и тој, како и претходно директорот и уредникот. Тоа, плашливото и грдо ѓубре на две нозе и со дарба да говори уште погрдо се извини во судницата, но не и во агитпроп испрдокот што се претставува како медиум. Тужителот и не очекуваше ништо подобро. И така, сите беа среќни и задоволни. Освен тужителот. Омразата и лагите останаа да зрачат во тој медиум и во многу други такви медиуми, кој од кој почурук.

Приказната продолжува и за време на владеењето на споменатото диктаторче и по него. Останаа тие, човечкиот морален отпад, да извршуваат валкани задачи за грст нечесно стекнати сребреници што им ги фрла криминалната банда која лажно се претставува како политичка елита.

Тие ѓубриња мораат да им бидат на располагање на криминалците и насилниците секој ден и секоја ноќ. Тие се послушни аѓутанти на злото. Тие се поседувани, немаат каде да одат. Сѐ што имаат во себе и околу себе е лага. За нив реалноста е тоа што го гледаат внатре, меѓу ѕидовите на нивниот ментален затвор. Живеат во внатрешноста на черепите на своите газди, не живеат во реалниот свет.

Нивните вештини се ограничени, а таленти имаат малку или ни малку. Мораат, на лента, да произведуваат и да шират лажни вести, дезинформации, говор на омраза и да поттикнуваат на насилство. Најдобра одбрана на тоа нечовечко ѓубре е да нападнат и да кажат дека некој шири лажни вести.

Полуписмени идиоти, грди и фрустрирани, со смрдливи души и заболени умови. Расипани до срж, но и плашливи како ноќни инсекти. Панично бегаат пред најмал зрак светлина. Потоа, од смрдливите дупки на својата душа извлекуваат отрови за да го возвратат нападот, да ја отрујат светлината, да се врати мракот.

Обични кукавици и смрдливи души. Никаквеци што ја трујат душата на сите што ќе дојдат во допир со нив и со тоа што го прават. И не е законот, ниту судот, ниту државата, што може да им застане на патот на тој морален крш од луѓе. Се знае кој е. Секој сам, може да ги избрише, како отровна пареа на прозорецот.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода неколку улици и дел од Клиничкиот центар

May 9, 2025

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, Васил Јованов призна вина, родителите бараат за него најстрога казна

May 9, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk