ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?

Антиваксерското расположение има силна поддршка во РПЦ, а треба, секако, да се бара и врската меѓу РПЦ и официјалната политика на Кремљ кој отсекогаш имал цврсти контакти со религиозните кругови.

October 23, 2019 18:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поткрепата на антиваксерите од страна на оваа црква е барем видлива, за разлика од стратегијата на цел еден пропаганден систем кој, исто така, доаѓа од Москва и кој се обидува да влијае на општествените конфликти и нарушувањето на здравствените состојби на нациите, пишува Љубомир Костовски за КриТинк.

– Кога деновиве пребарував некои извори во јавната комуникација на кои можеби се наслонуваат антиваксерите, кои како да подигнаа глава откако увидоа дека не можат да ги запишат своите деца на училиште без потврда дека ги примиле неопходните (пропишаните) вакцини, наидов на еден текст кој укажува дека Руската православна црква (РПЦ) ги поддржува родителите кои не дозволуваат нивните деца да ги допре раката на современата медицина,  барајќи да бидат држени подалеку од одделенијата за имунизација. Текстот го објавува српски портал под наслов: „Луњата во Србија доаѓа од Русија“, со циничен поднаслов дека „српските верници, додека нивната црква не се изјасни по ова прашање можат да се повикуваат на официјален став на Руската православна црква“.

Накусо, во тој текст наидуваме на усвоени одредби на посебно тело на оваа црква – Патријархална комисија за семејството, која во четири точки определува што е во ред, а што не, кога станува збор за тоа дали децата треба да ги допре иглата на луѓето задолжени за имунизација.

Имено, ова тело го смета следното:

  • родителите треба да го задржат правото да донесуваат информирани одлуки за здравјето на децата, вклучувајќи ги и превентивните вакцинации, без да бидат подвргнати на притисок; прогонот на родителите заради користење на ова право е неприфатлив;
  • родителите не треба да бидат приморани на кој било начин да наведат причини зошто одбиваат вакцинирање; фактите за тоа треба да се кријат како медицинска тајна
  • правото на децата на образование не треба да се ограничува врз основа на тоа што нивните родители одбиле вакцинација, освен при појава на масовни заразни болести или непосредна закана со епидемија
  • родителите треба да бидат во состојба самите да донесуваат одлуки, самостојно да го оценуваат добиените информации, вклучувајќи и критични информации

Од изнесеното сосема е јасно дека антиваксерското расположение има силна поддршка во РПЦ, а треба, секако, да се бара и врската меѓу РПЦ и официјалната политика на Кремљ кој отсекогаш имал цврсти контакти со религиозните кругови. За разлика од домашните ваксери, на кои овие заклучоци едноставно можеби им се и познати, московските свештеници дозволуваат во време на епидемии здравствените и образовни власти да бидат ригорозни во примена на мерките за имунизација!

Ставовите на РПЦ се донесени на 19 април годинава, а интересно е дека за нив говори г.г. Кирил, поглаварот на РПЦ и тоа на посебен Собор посветен на семејството, а одржан во Верона  под наслов: „За правата на родителите од областа на здравствената заштита на децата и имунопрофилаксата“, каде се изнесени горенаведените ставови на РПЦ. Тие, јасно, дуваат во едрата на антиваксерите и на светско ниво, и на овој собир добиле голем публицитет.

За целото истражување, поткрепено со илустрации – тука.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk