ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штип во хумана акција да се соберат пари за лекување за малата Симона Хаџи-Тошев

Пријателите на семејството Хаџи-Тошев се дел од акциите што деновиве ќе се организираат низ градот, а еден од нив е и Борис Шарковски кој изјави дека досега се собрани над 30.000 евра и оти малата Симона и нејзините родители утринава се сместени во болницата во Загреб, каде ќе почне лекувањето

October 23, 2019 16:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Деца и ученици од штипските градинки и училишта и од спортските клубови денеска беа дел од игрите на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип со цел да се соберат што е можно повеќе финансиски средства за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, која боледува од леукемија, јавува МИА.

Пријателите на семејството Хаџи-Тошев се дел од акциите што деновиве ќе се организираат низ градот, а еден од нив е и Борис Шарковски кој изјави дека досега се собрани над 30.000 евра и оти малата Симона и нејзините родители утринава се сместени во болницата во Загреб, каде ќе почне лекувањето.

– Потребни се дополнителни средства за понатамошното лекување и за претстој на родителите во Загреб, затоа што ова лекување ќе трае малку подолго, веројатно од девет до 12 месеци, вели Шарковски.

Во хуманитарната акција се вклучи и штипскиот пејач Зоран Илиев, кој го иницираше концертот на плоштадот. 

Според градоначалникот Благој Бочварски, Штип повторно ја покажува хуманоста. Тој верува дека ќе се соберат сите средства за лекување на малата Симона.

Во Штип на неколку пунктови се поставени кутии од страна на Црвениот крст, а локални бендови на овие локации самоиницијативно организираат концерти. Фудбалскиот клуб „Брегалница“ донесе одлука парите од продадените билети на домашен терен до есенската полусезона да се донираат за Симона, а мото клубовите од регионов веќе сообраа средства. На социјалните мрежи постојано се упатува апел да се донира на жиро сметката 270-7000448932-95 Халкбанк-Скопје и на телефоните за донации 143460 на А1 и 143424 на Т-мобиле. 

Со оваа акција, Штип вторпат се солидаризира за се спаси детски живот.

Next Post

Заев: Членството во НАТО е сигурно, нема потреба од евентуално одложување на изборите

НАЈНОВО

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

Kалас: Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk