ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сите пораки се обединети во една реченица, а тоа е дека Северна Македонија направи се, ЕУ не испорача тоа што вети

Секоја иницијатива во полза на нашиот европски пат е добродојдена и ние ќе ја поздравиме, меѓутоа како што кажа премиерот, сега чекаме тие да испорачаат. Нема да шпекулираме со шанси за успех, нема да шпекулираме заради тоа што не зависи од нашиот перформанс, туку зависи од нивните внатрешни одлуки каде ја гледаат ЕУ за пет или за десет години. Ние таа одлука не можеме да ја донесеме

October 23, 2019 18:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја иницијатива во полза на нашиот европски пат е добродојдена и ние ќе ја поздравиме, меѓутоа како што кажа премиерот, сега чекаме тие да испорачаат. Нема да шпекулираме со шанси за успех, нема да шпекулираме заради тоа што не зависи од нашиот перформанс, туку зависи од нивните внатрешни одлуки каде ја гледаат ЕУ за пет или за десет години. Ние таа одлука не можеме да ја донесеме, истакна заменик – претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, пренесува МИА.

Но, посочи таа, клучната одлука која ние како Влада ќе треба да ја носиме, која ќе треба да ја носат граѓаните на 12 април е „Дали сакаме европските вредности кои ги градевме да продолжиме да ги градиме или ќе се вратиме во мрак и страв, дали ќе се трудиме да ги приближуваме нашите стандарди кон европските стандарди или ќе се враќаме во ситуација на затворени медиуми, незаконски прислушувања и целосна контрола на државата“.

– Тоа зависи од нас и за тоа сме големи оптимисти. Тоа што зависи од ЕУ ќе сочекаме тие да го испорачаат, а не ние да претпоставуваме кои ќе бидат нивните потези. Мислам дека тоа е пооправдано земајќи предвид што се случи минатата недела, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по прес – конференцијата во седиштето на партијата.

Посочи дека денеска во тек е дебата во Европскиот парламент, каде што и тој ја испраќа истата порака. Не се тоа наши претставници, појасни, тоа се претставници на сите земји-членки на Унијата.

– Истата порака дојде од претседателот на Европската комисија, од клучните земји-членки, од Германија беа многу гласни тие пораки кои се обединети во една реченица, а тоа е дека Северна Македонија направи се, Европската Унија не испорача тоа што требаше и тоа што вети, додаде Шекеринска.

Next Post

Приведени тројца битолчани осомничени за тешка кражба

Најново

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk