ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Децата од најмала возраст треба да стекнуваат навики за заштита на животна средина

Инвестираме во инфраструктурата на градинките, во јакнењето на кадарот и во зголемувањето на платите на воспитувачите и градинките. Работиме на создавање квалитетни програми за работа со децата. Ако тука не направиме доволно квалитетни програми и не ги зајакнеме нашите деца во најраната возраст тие помалку резултати ќе постигнат и во основното образование и во средното образование и понатаму на пазарот на труд

October 25, 2019 12:12
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која заедно со заменик-министерот Ѓонул Бајрактар, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада денеска присуствуваа на првиот едукативен настан од проектот „Чисти и здрави“ што ќе се спроведува во градинките низ Општина Чаир, јавува МИА.

– Она што денеска го правите со промоција на екологијата во предучилишното образование можеби е мала интервенција во една градинка, но е голем влог во заедниците и во иднината. Ова треба да биде поттик ваквите активности да станат редовни активности во сите градинки, истакна Мила Царовска.

Спроведувањето на проектот со кој се јакне свеста за еколошката средина почна во градинката „Фидани“ и нуди едукативни содржини наменети за децата од предучилишна возраст.

– Ние како Влада навистина вложуваме во предучилишното образование и тоа го чувствувате сите. Инвестираме во инфраструктурата на градинките, во јакнењето на кадарот и во зголемувањето на платите на воспитувачите и градинките. Работиме на создавање квалитетни програми за работа со децата. Ако тука не направиме доволно квалитетни програми и не ги зајакнеме нашите деца во најраната возраст тие помалку резултати ќе постигнат и во основното образование и во средното образование и понатаму на пазарот на труд. Еден од сегментите е и животната средина и јас сум сигурна дека ваквата едукација ќе даде позитивни резултати во секојдневната заштита на животната средина, рече Царовска.

Министерката Царовска во своето обраќање нагласи дека е многу важно децата од најмала возраст да учат и да стекнуваат позитиви навики со кои сите заедно ќе ја зголемиме еколошката свест.

– Креативниот начин на пренесување на знаењата за чистата животна средина преку илустрирани книги, едукативни видео материјали и забавни апликации несомнено и недостасувале на едукативната методологија која се аплицира во градинките. Сега полесно и со поголема ефикасност, негувателките и посебно родителите ќе можат да придонесат децата да ја сакаат природата и да го поттикнуваат нивното примерно однесување, изјави градоначалникот Ганиу.

Проектот „Чисти и здрави“ е финансиран од страна на „Цивика мобилитас“ и имплементиран од страна на Балкан економик форум (БЕФ) во соработка со Општина Чаир. Основна цел на едукативните настани е преку игра и забава да се влијае  врз подигнување на свеста кај децата за чиста животна средина.

Next Post

Граѓаните се повеќе купуваат електронски и преку интернет

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk