Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Опинион“ на Клан телевизија, изјави дека настаните во Северна Македонија се различни со оние во Албанија и оти ЕУ го изневерила премиерот Зоран Заев, пренесува МИА.
– Во случајот на Заев е сосема подруго и во тој случај сите други би го сториле истото, затоа што од Заев беше побарано да го смени името на државата. А знаете ли што значи да се смени името на земјата?
Тој уште еднаш го повори ставот дека по неуспехот со неотворањето на преговорите со ЕУ нема намера да поднесе оставка и додаде дека ќе си дадел оставка само доколку не ја завршел својата работа.
Рама одовори и на прашањето што му рекла германската канцеларка Ангела Меркел во врска со Уставниот суд, кој во Албанија не функционира речиси две години.
– Постојат луѓе кои велат како можеме да отвориме преговори со Албанија кога нема Уставен суд. На овие луѓе им кажав што баравме во Албанија, ги замоливме да направат реформа во правосудството. Ако треба да се отворат преговори, Албанија мора да го направи она што го баравме, му рекла Меркел на Рама.
Според него, успех е што Албанија нема Уставен суд „затоа што е исчистен од реформата во правосудството“.