ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев од Прилеп: Не прифаќаме алтернативи, пактови, партнерства или други договори, ние сакаме полноправно членство во ЕУ

Ве уверувам дека од таа неправда за која зборува цела Европа, ќе се издигнеме како „Феникс“. Не прифаќаме алтернативи, пактови, партнерства, или што и да е друго. Ние сме за полноправно членство во ЕУ и ништо помалку од тоа. Ја сакаме ЕУ за европските вредности, Со ништо помалку не се согласуваме и ништо помалку не прифаќаме

October 26, 2019 15:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред преполната сала “Марко Цепенков”, претесна да ги прими сите заинтересирани прилепчани, во рамките на караванот на отворени граѓански трибини под мотото ,,На прав пат”, на граѓаните на Прилеп и околината им се обратија Претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателот на СДСМ Коста Петров,, членот на ЦО на СДСМ и актуелен министер за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

За една држава да биде на правиот пат, потребно е визија и одлучност да се донесат храбри одлуки, го почна Зоран Заев своето обраќање пред прилепчани и продолжи:

– Прилеп бил, è и ќе биде на правиот пат.

Овие денови стигна горчина од ЕУ, но и покрај тоа сите европски лидери потврдија дека сме светлиот прмер на Балканот. Поголема потврда дека тоа е патот и темпото со кое се движиме и треба да се движиме, нема.

Ве уверувам дека од таа неправда за која зборува цела Европа, ќе се издигнеме како „Феникс“. Не прифаќаме алтернативи, пактови, партнерства, или што и да е друго. Ние сме за полноправно членство во ЕУ и ништо помалку од тоа. Ја сакаме ЕУ за европските вредности, Со ништо помалку не се согласуваме и ништо помалку не прифаќаме, потенцира Зоран Заев.

– Нема дилема дека за 6 месеци Мицко и ВМРО остануваат во опозиција. Но, да ја тргнат ароганцијата и да не се закануваат. Ние не се исплашивме тогаш кога беа на власт, нема ни сега. Нека си седат мирни, зашто нема сила која може да ја спречи силата што доаѓа од вербата и љубовта на народот кон татковината.

Со лаги и интриги, не се добива довербата од народот. Каде им се лагите дека ќе се учи албански јазик во Прилеп? Национализмот нема да им помине никогаш повеќе. Нема повеќе деца македонци и албанци да се тепаат во автобуси во Чаир. Ете, тоа е вредност што нема да ја изгубиме, порача Заев.

Денеска сме Македонци кои зборуваат Македонски јазик, впишан во ОН – во личната карта на светот.

Доживеавме соседите да нè сакаат, да нè подржуваат. Се сеќававте каде бевме пред 3 години?

Можев и јас да се правам на удрен, да кажувам клети соседи, сите не мразат, но што со тоа, ни побагна народот. Не, без разлика на губење политички поени, отидовме храбро со договор и замислете низ договор отворивме пат за иднината на државата. Членството во НАТО значи имотниот лист. Упишани сме во катастарот на државите кои се безбедни, сигурни и стабилни, потврдува Зaев.

За предвремените избори, за популизмот и национализмот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе рече:
– Мицкоски пред некој ден од Прилеп порачал дека ќе го врател македонскиот код. Мицкоски, македонскиот код е загарантиран, признаен и потврден, ти Мицкоски сакаш да го вратиш криминалниот код. Нема да ви помине.

Мицковски мисли дека не бидна датумот за преговори со ЕУ и тоа ќе го донесе на власт.

Популизам, национализам и интриги нема да ги донесе на власт.  Мицкоски треба да знае дека нашиот народ дава шанса, ама тогаш кога тој и неговите ставови ќе се сменат, нека носи храбри одлуки, нека се откаже од менторот од Будимпешта, нека државата му биде приоритет а не партијата и тек тогаш – после 4 години од сега господине Мицкоски, ќе правиме муабет за промена на власта, му пора од Прилеп Zoran Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– А сега, сега одиме по правиот пат и никако поинаку.

Ќе се бориме оти алтернатива за ЕУ нема, зашто тоа ни е аманет и обврска – да се бориме!

Ќе се бориме толку силно за да им докажеме, ќе го блеснема нашето македонско сонце толку силно што ќе им пренесе енергија и на сите евопските земји, додаде Заев.

За социјалната политика, за зголемувањето на минималната плата и вработувањето, Заев истакна:

– Околу 90.000 семејства земаат минимална плата. тоа значи дека годишно тие семејства ќе земаат 66.000 денари повеќе од претходно. Ако треба бос ќе одам но 30.000 ден просечна платаво в година нашата земја ќе има! Ќе има големо зголемување на пензиите на почетокот од 2020 година.

Докторите Специјалисти во државата ќе имаат просечни примања од 100.000 денари.

Покачувања на капитациите на матичните лекари, ќе има, колку тоа ќе биде, ќе соопштиме наредниот месец, се прават пресметките.

Има пари во Буџетот, затоа што не одат парите на споменици, фасади и други глупости.

Ја намаливме невработеноста на 17.4%, тоа е  9% помала невработеност од тоа што претходно затекнавме. 300.000 граѓани имаат благодет од новите социјални политики. За 300% е зголемена социјалната помош. спомна покрај другото Зоран Заев.

– Само тие кои се радуваа на одложената одлука не ни ги признаваат овие резултати. Ќе се бориме ова е наша земја и ќе победиме.

Прилеп – прилепи се, долепи се „На правиот пат“, заврши Претседателот на СДСМ Зоран Заев пред прилепчани.

Ј. Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Авионско прскање против комарци утре наутро во Скопје

June 10, 2025

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за градоначалникот на Општина Росоман

June 10, 2025

(ВИДЕО) Мекинтош постави втор светски рекорд во пливање за три дена

June 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слабиот моќник на Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински дронови предизвикаа пожар во руски објект за електронско војување во Република Чувашија, погодиени два авиони во нападот на воздухопловната база Саваслејка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk