„Оставка“, „Готов си“, Апаши“, „Оди си, Заев“ беа само дел од пораките на земјоделците и сточарите кои со трактори и приколки, од трговскиот центар Мавровка па потоа пред Владата протестираа пред Владата, а како причина беше наведена ненавремената исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година. Тензична ситуација настана кога полицијата не им дозволи и им ги одзеде производите на демонстрантите, грозјето, праските и јаболката, за да не ги однесат пред Влада, па тие ги истурија пред мостот „Гоце Делчев“, пренесе А1он.
Според А1он, демонстрантите изјавувале дека протестот не е организиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, како што тврдат од владејачката СДСМ. Дел од анкетираните не знаеја или не сакаа да одговорат зошто се дојдени на протестите. Меѓу присутните претставници од ВМРО-ДПМНЕ беше Александар Трајковски, кој во јавноста стана познат по тоа што беше еден од првите кој во Будимпешта го посети експремиерот, азилант, Никола Груевски, пишува А1.он.