ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема алтернатива за членството во ЕУ, регионален самит за потврда на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Пендаровски на средбата со Мета предложи земјите од Западен Балкан да одржат вонрден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.

October 27, 2019 11:52
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема алтернатива за членството во Европска унија и земјите од Западен Балкан треба да одржат Самит на кој ќе се отфрлат идеите за алтернативи за евроинтеграцијата, порача вчера од Тирана претседателот Стево Пендаровски, пренесе МИА.

Пендаровски оцени дека вчерашната средба со албанскиот колега Илир Мета се одвива во вонредни услови откако пред една недела двете земји не ги почнаа пореговорите со ЕУ и потенцираше дека и покрај тоа „единствен пат е членството во ЕУ, а секоја друга идеја е неприфатлива”.

Пендаровски на средбата со Мета предложи земјите од Западен Балкан да одржат вонрден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.

Премиерот Зоран Заев вчера, исто така, порача дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и оти се надева дека до Самитот во Загреб во мај европските лидери ќе ја корегираат големата неправда и историската грешка за одложување на одлуката за почеток на пристапните преговри.

– Низ дисусијата која треаше до рано наутро на 19-ти беше потврден успешниот процес на реформи и придобивките што ги имаме направено, договорите со Грција и Бугарија како трајни европски придобивки и очекуваме на следниот Европски совет да биде донесена позитивна одлука, кажа премиерот.

За тоа што бара Франција во контекст на реформите на процесот на проширување и за се погласните идеи наместо евроингеграција на земјите кандидадти да им се понуди стратешко партнерство, Заев рече дека тоа се уште не е формализирано.

– Останува ние да работиме, а кога е Европската унија ќе одлучи нека ни го каже тоа. Ние немаме друга алтернатива освен ЕУ, истакна Заев.

Европските либерали на конгресот во Атина вчера едногласно усвоија резолуција за европската перспектива на Северна Македонија.

– Процесот на проширување на ЕУ мора да продолжи, секоја земја мора индивидуално да се оценува, а веќе на следниот состанок на Европскиот Совет на Северна Македонија треба да и се определи датум за почеток на пристапните преговори со Унијата, без евентуалната промена на методологијата на преговорите да има влијание врз почетокот на преговорите, се заклучоците во резолуцијата за нашата земја, што едногласно беше усвоена на 40-тиот конгрес на Европската Алијанса на либерали и демократи (АЛДЕ). 

Next Post

Светски агенции: Во Сирија е убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk