ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерковски: ДИК е подготвена да спроведе избори и со отворени листи

– Тоа е материја што постојано и континуирано се чисти, прочистува и обработува. Како што ги добиваме податоците од МВР на квартално ниво, така ги обработуваме. Се разбира дека во список во кој има над 1,8 милиони избирачи ќе може да се најде некоја недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка. Ние постојано работиме и во овој момент кога е празен период и нема избори работиме на прочистување на Избирачкиот список, рече Дерковски, одговарајќи на новинарски прашања  пред презентацијата на Извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост

October 28, 2019 13:40
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Државната изборна комисија е подготвена да спроведе парламентарни избори по било кој модел за кој би бил постигнат договор меѓу политичките партии, вклучително и за модел со отворени изборни листи, изјави денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, пренесе МИА.

Ние, додаде тој, како институција сме подготвени. Функционираме континуирано и подготвени сме да го спроведеме она што ќе го договорат политичките партии.

Во врска со тоа кој изборен модел, според него, би бил најдобар, Дерковски истакна дека неговото мислење во суштина и не е релевантно, бидејќи тоа е договор на политичките партии.

Претседателот на ДИК потенцира и дека Избирачкиот список е во ред и оти во него нема т.н. фантомски гласачи.

– Тоа е материја што постојано и континуирано се чисти, прочистува и обработува. Како што ги добиваме податоците од МВР на квартално ниво, така ги обработуваме. Се разбира дека во список во кој има над 1,8 милиони избирачи ќе може да се најде некоја недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка. Ние постојано работиме и во овој момент кога е празен период и нема избори работиме на прочистување на Избирачкиот список, рече Дерковски, одговарајќи на новинарски прашања  пред презентацијата на Извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост

Претседателот на ДИК истакна и дека институција задолжена за спроведување на изборите доставиле и определени предлози согласно претходните препораки на ОБСЕ и ОДИХР за техничко подобрување  на изборниот процес.

– Како тоа ќе се одвива понатаму ќе видиме, бидејќи и тоа зависи од договорот на политичките партии, рече Дерковски.

Во врска со гласањето на дијаспората, претседателот на ДИК, вели дека како Комисија би сакале да има промени, но во рамки на овозможување нови начини за гласање, за, како што вели, да се заштедат финансиски средства.

Next Post

Жбогар: Одложувањето на пописот е логично за да нема политичко влијание

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk