ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димковски: Непотребен е рокот од седум дена што го дадоа земјоделците на протестот во Скопје

Увидовме, се покажа и се потврди дека протестите се политички мотивирани. Цело време сме во комуникација со земјоделците и во континуитет разговараме. Голем дел од барањата кои ги поставија веќе се реализирани, а за утре имаме договорено средба со лозарите за да ја финишираме мерката што ја најавивме. Ден пред протестот е исплатена мерката за оризопроизводителите, како и втората фаза за млекопроизводителите

October 28, 2019 14:55
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Рокот од седум дена што го дадоа земјоделците на саботните протести во Скопје воопшто е непотребен, бидејќи сме немале период во кој не сме разговарале со нив, а мотивот за протестите е повеќе од јасен, оцени денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

– Увидовме, се покажа и се потврди дека протестите се политички мотивирани. Цело време сме во комуникација со земјоделците и во континуитет разговараме. Голем дел од барањата кои ги поставија веќе се реализирани, а за утре имаме договорено средба со лозарите за да ја финишираме мерката што ја најавивме. Ден пред протестот е исплатена мерката за оризопроизводителите, како и втората фаза за млекопроизводителите. Останува да ги прецизираме исплатите што ќе следат со ребалансот на Буџетот и дополнителните средства што ги добивме, рече Димковски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во МЗШВ, пренесува МИА.

Очекуваме, додаде, до крај на годината да може да се исплати уште една фаза за млекото, а првпат, како што кажа, е предвидена дополнителна интервентна мерка со која се дава субвенција од 400 денари за заклано јагне предадено во кланичен капацитет.

-Отворени сме за соработка и за комуникација. Земјоделците кои завчера даваа изјави неколкупати беа тука и разговаравме заеднички со нив. Едниот од нив за оризова арпа има добиено 130.000 денари субвенции, а вториот за одгледување овци има добиено 194.000 дери од кои само 64.000 денари се за органско производство. Верувама дека сите барања кои се од земјоделски и економски аспект  се релевантни да се разговараат во МЗШВ, а за другите политички барања кои ги поставија нема што да разговараме ние како Министерство, посочи Димковски.

Потврди дека не е целосно исплатена субвенцијата за млекопроизводителите и додаде дека има наследена состојба што се провлекува.

-Се надевам дека годинава и во текот на наредната година ќе бидат подмирени сите заостанати обврски кон нив. Очекувам со буџетот за 2020 година да се елиминира долгот кон сточарите, рече Димковски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Македонскиот дипломатски синдикат со четири барања до МНР

НАЈНОВО

Фото: Pixabay

Ортопедски операции почнаа да се извршуваат во гостиварската болница

October 15, 2025

Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

October 15, 2025

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk