ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Опасните идеи на летечките шпагети и магариња

Јас се надевам дека до изборите на 12 април, Унијата ќе знае и ќе сака да ја испарира драмата која се задава, со ревизија на бриселското решение. Самиот факт дека блокадата го примора премиерот да оди на предвремени избори, па уште со апсурдните норми на Пржинскиот договор во новата ситуација, го навести почетокот на таа драма. Верувам дека Македонија ќе собере разум и сила да им каже не на крвавите сценарија на распадот. Со помош на Унијата и на Франција, тоа ќе биде многу полесно.

October 28, 2019 22:24
in ФРОНТ
Емануел Макрон

Емануел Макрон

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Не постои методологија на проширувањето која од Македонија може да направи втора Франција пред да влезе во Унијата, но постои методологија која од Македонија може да направи мал голем хаос на европскиот југ и нов голем проблем на надворешните граници на Унијата. Втората методологија беше усвоена на самитот во Брисел. Кога ќе биде усвоена првата не се знае. Се плашам дека за нас може да биде доцна.

„Фајненшел тајмс“ тврди дека Макрон би можел да го повлече ветото ако за прашањата на надворешната политика и даноците се воведе одлучување со квалификувано мнозинство, наместо сегашниот консензус. Парадоксот е во тоа што, врз основа на тој принцип, Макрон немаше да може да го блокира ставот на сите други членки на Унијата по прашањето за почнувањето на преговори со Македонија. Но, можеби неговиот став беше демонстрација на апсурдите кон кои води принципот на едногласноста. Не можел да одбере помонолитно единство наспроти себе, по која било друга тема за да им каже дека вака не е добро: јас ве блокирам за да ви покажам дека блокадата на само една членка е глупава, односно ја блокира функционалноста на Унијата, тоа што вас ве нервира и ве плаши околу моето решение за Македонија, треба да ви помогне да сфатите дека и мене ме нервира и ме плаши кога поради нечие несогласување не сме во состојба да донесеме друго решение, по некое друго важно прашање.

Ова ми делува пологично и поуверливо отколку алибито со реверзибилната методологија, која со датумот за почеток на преговорите нема никаква врска, односно има по тоа што со таа нова методологија Македонија можат да ја вратат во кое било време, по кој било проблем или прашање. Што е аргумент во прилог на почнувањето на преговорите. Со други зборови, идејата за новата методологија требаше да ја фаворизира Македонија, а не да ја блокира затоа што со неа, а и без неа, Унијата може да ја пегла Македонија колку сака. Тоа е јасно. Тоа сите го елаборираа.

И идеите за некаква економска или не знам каква балканска Унија, како замена за преговорите и за членството, се бесмислени. Прво, Унијата не може да си дозволи да шири евроскептичност, па дури и еврофобичност во земјите во своето најблиско окружување и да провоцира опасни, неевропски вредности, личности и движења. Какво што е во Македонија вмро-дпмне и комплетното раководство на таа инсталација. Не само поради стабилноста и безбедноста во тие земји, туку и поради интеракцијата на ситуацијата во нив со поглобалната ситуација. Особено на Блискиот и Среден исток.

Второ, Унијата не смее да се однесува како светот да стои и да ги чека нејзините решенија. Сѐ се менува ужасно бргу и во тие промени, односно во бавноста на одлучувањето, при што не е проблем само консензуалниот начин на одлучување, туку и отсуството на визија, храброст и државништво, се крие тајната на релативното заостанување на Унијата во распределбата на светската моќ и влијание. Безбедноста и поредокот, критериумите и стандардите, Унијата не може да ги чува така што од околината ќе прави тампон зона на граѓани од трет ред, туку така што со брза интеграција ќе се заложи за брзо остварување на своите стандарди во новопримените членки. Тоа е за неа подобро и поевтино. А такво е и за кандидатите. Тоа е толку просто. Во некоја смисла, Унијата им парира на популистичките и националистички движења внатре во себе, но во крајна линија резултатите не се најоптимистички. Еве и локалните избори во Германија и Италија покажаа дека тоа зло е далеку од тоа да биде поразено. Британија се прпелка во новородениот национализам и изолационизам, Баскија врие итн.

А во Македонија, господине Макрон, веќе имаме идеи, кои како да доаѓаат не од балканската подружница на сектата на летечките шпагети, туку од Револуционерната злосторничка инсталација на летечките магариња. Од тие чии што предци пред 85 години во Марсеј го ликвидираа кралот Александар. Со чија потесна држава сега ќе правеле сојуз. За да се избегнела федерализацијата што ќе ја наметнат Албанците. Неверојатно. Албанците можеби и ќе се откажат од федерализацијата, но само во името на сепарацијата. Дали можете да замислите какви сѐ фантастични опции за Македонија и за регионот, па и за Европа, пружа оваа православна дружина на чипирани идиоти од која вие во Париз би се скинале од смеење ако некој е во состојба да ви даде гаранции дека тоа се само филмски стории. Слична е и идејата да сме се зачленеле во Евроазиската унија, кај другатот Путин. Од Чуповски и неговите преродбенички денови и другари, ние сто и кусур години немаме никаква врска со Москва. Освен преку фантастичните писатели. Се друго ни е на Запад. Од Македонија, сакам да кажам, Исток не бидува. И повторно ќе прашам: Можете ли да замислите какви сѐ фантастични опции пружа овој кабинет на летечките хиени. Преку Бугарија и Грција, преку Романија, во Евроазија, под чизмата на големиот хазјаин. Или да сме инсталирале некаков наш Вучиќ. Па пред Вучиќ ние си имавме Вучиќ, само што тој се викаше Груевски. Ене го кај Орбан. Видовме и ние, виде и Европа, виде и Америка како заврши таа работа.

Можеби тие трансфери можат да поминат само со шокови, некои ќе полудат, некои ќе издржат, но јас се плашам дека тие работи без крвови нема да можат да се изведат, затоа што ќе мораат да бидат проследени со големи преселби на луѓе, од кои, можеби, најголемиот, ќе мора да заврши во Париз. Убав град, молам.

И уште нешто, овие фантазии на луди, односно полудени луѓе, не се изнесуваат само затоа што некои мислат дека се реални. Тие се изнесуваат и за да се собере некој глас повеќе од разочараните еврофили, а и поради тоа што со тие искри се шири пожарот на хаосот во Македонија, се уништува ориентацијата на нацијата, нејзината вредносна навигација и структура.

Јас се надевам дека Унијата ќе го има предвид сево ова и дека до изборите на 12 април ќе знае и ќе сака да ја испарира драмата која се задава, со ревизија на бриселското решение. Самиот факт дека блокадата го примора премиерот да оди на предвремени избори, па уште со апсурдните норми на Пржинскиот договор во новите услови, го навести почетокот на таа драма. Верувам дека Македонија ќе собере разум и сила да им каже не на крвавите сценарија на распадот. Со помош на Унијата и на Франција, тоа ќе биде многу полесно.

 


 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk