ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Граѓански организации: Да се активираат армијата и полицијата за здрава животна средина

Здружени граѓански организации и иницијативи во отворено писмо бараат од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев да активираат припадници на армијата и полицијата за да се заштити правото на граѓаните на здрава животна средина

October 30, 2019 12:30
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружени граѓански организации и иницијативи во отворено писмо бараат од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев да активираат припадници на армијата и полицијата за да се заштити правото на граѓаните на здрава животна средина, како што укажуваат, согласно со член 43 од Уставот и да се одржи јавниот ред и мир во општеството, согласно член 3, член 5 и член 14 од Законот за полиција, пренесе МИА.

– Секојдневно сме сведоци на запалени депонии, палење на оган на отворено и шумски пожари, кои го загрозуваат здравјето и физичкиот интегритет на граѓаните. За таа цел, бараме припадници на армијата и полицијата во координација со сите капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалните центри за управување со кризи, Општинските штабови за заштита и спасување, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот комунален инспекторат, Инспекторат на Град Скопје и инспекторатите на општините-активно да се вклучат во неколку активности, стои во писмото на „О2 Иницијатива“.

Оттаму бараат да се организираат секојдневни патроли на припадници на армијата и полицијата на терен со цел да се превенира и санкционира палење огнови на отворено, пред сè, палење отпад и диви депонии,  како и да се организираат ноќни дежурства на припадници на Армијата и Полицијата со помош на припадници на ДЗС и РЦУК и општинските штабови за ЗиС на критични точки во Градот Скопје и низ Републиката, кои се најфреквентни места за палење на огнови на отворено. Воедно да се едуцираат граѓаните на терен за штетните последици од палењето на огнови и отпад на отворено, од здравствен аспект, да се организираат редовни патроли на припадници на армијата во национални паркови и планински предели кои се најфреквентни и најподложни на пожар.

Сметаат дека армијата и полицијата можат и мораат активно да се вклучат во заштита на своите граѓани, нивното здравје и живот, на животната средина и со своето присуство на терен да делуваат согласно со законските ингеренции, со цел да се спречат вакви појави.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Колку заработи Челзи – победникот на клупското СП, а колку финалистот ПСЖ?

July 14, 2025

Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

July 14, 2025
Еко-активисти веќе 17 дена го блокираат патот кон ски-центарот на Кожув. Фото: Мета

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk